Бугарија, кој в година треба да биде домаќин на „Песна на Евровизија“ во Бургас, би можела да ја загуби организацијата на музичкото натпреварување ако продолжи ескалацијата во Црно Море, кадешто во последните седмици беа погодени и потонаа повеќе бродови нападнати со подводни дронови, објави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови правила за „Евросонг“, кои ќе стапат на сила од 2027 година. Меѓу промените е и одредбата што овозможува домаќинството на натпреварот да се пренесе во друга земја, доколку вооружен судир, геополитичката ситуација или други околности претставуваат сериозна закана за безбедноста и стабилноста на земјата победник.
Одлуката е донесена по годишната ревизија на правилата и врз основа на повратните информации од членовите на организацијата. Овие правила ќе важат за 71. издание на натпреварот за песна, кое ќе се одржи во Бугарија во мај 2027 година.
Целта на овие промени е да се обезбеди поголема јасност за сите што учествуваат или се вклучени во „Евровизија“, како и да се придонесе настанот да остане безбеден и пријатен, истовремено зачувувајќи го неговиот дух и интегритет.
На „Евросонг“ во Бургас ќе учествува и Македонија, која во последните четири години не учествуваше на натпреварот по своја одлука.