Македонија

Новите цени на горивата стапуваат во сила од утре

Применети се владините мерки за намален ДДВ на дизелот и пониски акцизи

Од полноќ на 3 ноември стапуваат во сила новите, повисоки максимални цени на горивата во Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи бензините да поскапат за два денари за литар, а дизелот за еден денар. Просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 1,55 отсто.

Според одлуката, максималната цена за литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари, за ЕУРОСУПЕР БС-98 – 95 денари, а за ЕУРОДИЗЕЛ – 100 денари.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета и ќе чини 110 денари за литар. Мазутот, пак, поскапува за 1,30 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 55,573 денари.

Од РКЕ објаснуваат дека при пресметката се земени предвид движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и промената на курсот на денарот во однос на доларот.

Дополнително, применети се владините мерки за намален ДДВ за дизелот и пониски акцизи за бензините и дизел-горивото.

Одлуката ги утврдува највисоките малопродажни цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и пониско од утврдените износи.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

To top