Македонија

Ќе се зголемат платите во Армијата

Mинистерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска најави дека платите на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1  јануари 2027 година, изјави денеска

„Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас ветив многу пати дека ќе работам заедно со синдикатите со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата, рече министерот Мисајловски.

Со новиот буџет, додаде тој, опфаќаме се она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот.

Михајловски кажа дека буџетот е поминат на Владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари .

Претставниците на репрезентативните синдикати во одбраната и на професионалните војници, Синиша  Станчевски и Аднан Алити го поздравија зголемувањето од 10 отсто и истакнаа дека се задоволни од постигнатото со помош на социјалниот дијалог.

Најнови вести од: Македонија

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

To top