Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, да ја закаже надзорната расправа за состојбата во Алта банка, за утре во 11 часот. Во понеделникот, на Комисијата за финансирање и буџет, едногласно беше изгласана одлука за одржување надзорна расправа по повод случувањата со Алта банка.

  • Одлуката беше изгласана консензуално, едногласно, со тоа што ние побаравме надзорната расправа да биде одржана што е можно побрзо. Денеска беа свикани пратеничките групи на координација. Ние побаравме надзорната расправа да биде одржана утре. Видовме дека од страна на СДСМ има одредено колебање дали тоа да биде така или не – изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила да се скратат сите можни процедури коишто се дадени во Деловникот, за да можат и гостите да ги поканат во текот на денешниот работен ден.

  • Не ни беше одговорено до овој момент на нашето барање. Затоа ние, согласно можностите коишто ни ги дава Деловникот, согласно член 126 став 2 од Деловникот на Собранието, собравме една третина од потписите од членовите и замениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет. Не е поентата оваа тема да се политизира или да се држи статус кво. Ако се искрени и реални во намерата, со оглед на тоа дека имаа простор од понеделникот до денеска да ги донесат сите оние одлуки коишто ги предвидува самиот Деловник, бидејќи тие ја водат Комисијата и таа би требало да биде надлежна за одржувањето на надзорната расправа, тогаш нема причина за дополнително одложување – додаде Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Мицкоски: Македонија 15 години не е во ЕУ, поради вештачки барања на нејзина членка! Членство во ЕУ не значи промена на идентитет!

Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, напиша премиерот Христијан Мицоски на социјалните мрежи.

Цветанова: Негирањето на македонската национална и јазична посебност е облик на политички говор на омраза

„Облик на политички говор на омраза се негирачките ставови кон македонската национална и јазична посебност, кога се ставени во контекст на македонско-бугарските односи и македонската евроинтеграција.“ – ова е нагласено пред почетокот на научниот собир „Негирањето на политичката легитимност на македонската нација и посебноста на македонскиот јазик како форма на политички говор на омраза” во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

Најнови вести

To top