Во порака до колегите, пријатели и соработници директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вели дека резултати се плод на заедничката работа, знаењето и посветеноста на сите вработени.
Со мојата оставка од функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, завршувам едно значајно поглавје од мојот професионален пат, исполнето со одговорност, предизвици, посветена работа и заеднички успеси, вели Миланов.
,,Со гордост можам да кажам дека во изминатиот период заедно постигнавме многу, придвиживме значајни процеси, го унапредивме работењето и поставивме цврсти темели за понатамошен развој на Агенцијата.
Овие резултати се плод на заедничката работа, знаењето и посветеноста на сите вработени, на кои им упатувам искрена благодарност за довербата, поддршката и соработката.
Агенцијата за мене никогаш не била само работно место, ниту директорската функција била единствената причина за мојата припадност кон неа. Бев дел од неа пред да станам директор и останувам нејзин дел и по завршувањето на оваа функција.
Од функцијата заминувам со мирна совест, благодарност и гордост за сето она што заедно го постигнавме.
Функциите се минливи, но делата, достоинството, човечноста и меѓусебната почит остануваат.
Ви благодарам на сите што бевте дел од ова поглавје. Благодарност до Премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и претседателот на СПМ Љупчо Димовски за укажаната доверба да ја водам оваа институција. На новиот директор, Јовица Андоновски му посакувам успешна работа и да продолжи да ја менаџира Агенцијата како и до сега.
Беше чест да ја предводам Агенцијата, а уште поголема чест е што сум дел од неа”, вели Д-р Оливер Миланов во пораката.