Свет

Поевтинување на житарките, месото и млекото – светските цени на храна паднаа за 1,2 отсто

Станува збор за прво позначајно намалување по достигнувањето на четиригодишен максимум

Светските цени на храната забележаа благо намалување во октомври, откако претходно го достигнаа највисокото ниво во последните четири години.

Според најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), падот од 1,2 отсто главно се должи на пониските цени на житарките, месото и млечните производи.

Индексот на цените на храната, кој ги следи месечните промени на основните земјоделски производи на глобалниот пазар, во октомври изнесувал 133,9 поени – за 1,2 проценти помалку во споредба со септември.

Најизразен пад е забележан кај житарките. Нивниот индекс се намалил за 4,5 отсто, достигнувајќи 116,8 поени, што е дури 12,6 проценти под нивото од октомври минатата година.

Цената на пченицата се намалила по четири последователни месеци на раст, главно поради послабата меѓународна побарувачка, подобрите изгледи за производство во Аргентина и очекувањата за поголем извоз од регионот на Црното Море. Пониски биле и цените на пченката, јачменот и сиракот.

Очекувањата за олеснување на ограничувањата во извозот преку Црното Море дополнително придонеле за падот, иако нарушувањата во логистиката во тој регион го ограничиле поголемото намалување.

Индексот на цените на месото во октомври се намалил за 1,2 отсто, на 125,5 поени. Пониски биле цените на свинското, овчото и говедското месо, додека цената на живинското останала непроменета.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top