Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.
Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.
Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.
И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.
Тренд на намалување во изминатата деценија се бележи и во Македонија, која во 2014 имала 1.21 убиство на 100.000 жители наспроти сегашните 1,10. МИА