Спорт

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, но и ние имаме играчи во форма

Младиот дефанзивен играч за врска вели дека утревечер ќе излезе на теренот во Глазгов за да ужива во националниот дрес

Големата надеж на македонскиот фудбал Матеј Гаштаров вели дека не чувствува притисок и ќе ужива во утрешниот реванш со Шкотска од 20:45 часот на „Хемпден парк“ во Глазгов во Лигата на нациите.

„„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме сè од себе и да уживаме.

За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

Деветнаесетгодишниот дефанзивен играч за врска го сврте вниманието со игрите за Црвена звезда сезонава, кои му ги донесоа првите четири настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top