Македонија

Спикерот Гаши ќе ги распише локаните избори

Одржување на локалните избори 2025 ќе чини безмалу 10 милиони евра

Напладне се очекува ретседателот на Собранието, Африм Гаши се очекува да ги распише 8-ите локалните избори.

Ова е логично ако се земе прадвд дека утрешниот ден  е и законски последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.

Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.

На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.

Изборната кампања  започнува на 30 септември.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top