Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март

Пред пратениците во македонското Собрание министерката потсети дека Законот за данокот на солидарност беше донесен во 2023 година и дека на 5 февруари 2025 година Уставниот суд го поништи, со што се создаде ситуација во која преку неуставен закон се собрале средства, средствата се потрошени, а денес оваа Влада ги враќа.

Компаниите што во 2023 година уплатиле средства во буџетот по основ на Законот за данокот на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието поставено од пратеникот Љупчо Пренџов.

Министерката Димитриеска-Кочоска пред пратениците потврди дека половина од уплатените три милијарди денари ќе бидат вратени следниот месец, а втората рата во март 2027 година предлог прифатен од најголем дел од компаниите.

  • Како што најавивме, половина од уплатените три милијарди денари ќе бидат вратени во март. За да се организира целата постапка, процесот беше тежок, но Министерството за финансии беше транспарентно и во постојана комуникација со приватниот сектор. Требаше да се воспостави комуникација со сите компании, па најпрвин одлучивме да воспоставиме комуникација со стопанските комори, каде што разговаравме за нашите размислувања и предлози, а потоа да донесеме заеднички пристап. Во август 2025 година Владата нè задолжи како Министерство за финансии да испратиме официјални дописи до сите 156 компании со барање да се произнесат за моделот на враќање на средствата. Нашиот предлог беше враќањето да се реализира на две рати, првата во март 2026 година и втората во март 2027 година, предлог што повеќето од компаниите го прифатија. Март е избран затоа што во тој период се поднесуваат завршните сметки и се плаќа данокот на добивка, а со оглед на тоа што данокот на солидарност по својата природа е сличен, целта беше да се совпадне периодот со можност компаниите да извршат пребивање на обврските – посочи министерката Димитриеска-Кочоска. 

Пред пратениците во македонското Собрание министерката потсети дека Законот за данокот на солидарност беше донесен во 2023 година и дека на 5 февруари 2025 година Уставниот суд го поништи, со што се создаде ситуација во која преку неуставен закон се собрале средства, средствата се потрошени, а денес оваа Влада ги враќа.

  • Факт е дека беа собрани три милијарди денари од приватниот сектор со закон за кој се знаеше дека ќе падне. Факт е дека тие средства беа потрошени оставајќи сериозни обврски што денес оваа Влада ги сервисира. Очигледно беше дека предлагачите знаеле оти изборите во 2024 година ќе ги изгубат и дека некој друг ќе треба да се грижи за враќањето на средствата – рече министерката и потенцира дека оваа Влада во нитеден момент не донесе ад хок одлука, одлука недоговорена со приватниот сектор, ниту донесе мерка што дополнително ќе ги оптовари компаниите или граѓаните.

Во своето обраќање пред пратениците министерката за финансии нагласи дека буџетот е во одлична кондиција затоа што, како што рече, „ние одлично го менаџираме“.

Најнови вести од: Бизнис

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Двоцифрената стапка на раст е резултат на континуираното унапредување на портфолиото, инвестициите во иновации, модернизацијата на производствените капацитети, како и зајакнувањето на односите со партнерите и пациентите

Инфлацијата скокна на 4,9% во пресрет на празниците

Од храната најмногу на удар е овошјето. Цените тука се зголемиле за 12, 7 отсто, кај  млекото и јајцата за над 8 проценти. Поскапување од 7 отсто се забележува и кај маслото и мастите и кај житата и житните производи . Во оваа категорија влегува лебот.

Советот на странски инвеститори ги поздравува владините напори за решавање на проблемот на транспортерите

Советот на странски инвеститори информира дека внимателно ја следи ситуацијата и нагласува колку е значаен овој проблем, кој има директно влијание врз функционирањето на компаниите.

„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

To top