Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Светска банка останува силен партнер во спроведувањето на реформите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, каде оствари клучни разговори со високи претставници на организацијата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, каде оствари клучни разговори со високи претставници на организацијата. Таа се сретна со регионалната потпретседателка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, директорката за Западен Балкан Шиаокинг Ју, извршниот директор Јуџин Ругенаат и раководителката на канцеларијата за Косово и Северна Македонија Карол Межевав.

Состанокот се фокусираше на макроекономските трендови, фискалните политики, напредокот во активните проекти и потенцијални нови финансиски средства за поддршка на буџетските и структурни промени во земјата.

Пристапот беше ставен на тековните иницијативи во Македонија, кои целат кон модернизација на инфраструктурата, зголемување на енергетската ефикасност, дигитализација, подобрување на управувањето со јавните пари и инвестиции во човечкиот капитал.

„Владата останува посветена на фискалната дисциплина, структурните реформи и забрзувањето на економскиот раст преку инвестирање во јавната инфраструктура и човечкиот капитал“, истакна министерката.

Светската банка го призна напредокот на земјата и ја потврди посветеноста за партнерство во спроведувањето на реформите и новата стратегија за соработка. Ова се потврдува со последниот економски извештај за Западен Балкан, кој предвидува раст од 3,1% за македонската економија во 2025 година, подобрување споредено со претходните проценки.

Организацијата истакнува дека Македонија одржува фискална стабилност со дефицит под 3% и намалување на јавниот долг, што отвора можности за одржлив развој и привлечување инвестиции.

Разговорите опфатија и економските прогнози, со акцент на нивно зајакнување преку поголеми јавни вложувања, подобрување на продуктивноста и поддршка за извозните фирми. На настанот присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top