Бизнис

ЕУ ја прекинува доставата на пратки во САД

Од крајот на месецот, поштенските служби во Европа ќе престанат да испраќаат пакети во Соединетите Американски Држави

freepik.com

Од крајот на месецот, поштенските служби во Европа ќе престанат да испраќаат пакети во Соединетите Американски Држави, бидејќи стапуваат во сила нови тарифи за увоз на стоки со вредност под 800 долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 29 август со извршна наредба го укина долгогодишното ослободување од данок за увоз на стоки со мала вредност, познато како „de minimis“.

Поштенските служби на Франција, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство објавија дека од следната недела привремено ќе ги прекинат услугите за достава во САД за да се прилагодат на новите регулативи. Белгиската пошта Bpost веќе во петокот го запре испраќањето на пакети кон САД.

Овие суспензии, кои во повеќето земји нема да се однесуваат на писма или мали пакети со вредност под 100 долари, ќе започнат во понеделник и ќе продолжат додека поштенските служби не развијат соодветни решенија.

Новите тарифи за мали пакети доаѓаат во време на тековни преговори меѓу САД и Европската Унија за нов трговски договор, кој има за цел да ги намали тензиите околу тарифите што се зголемуваа во изминатите месеци, според Н1.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top