Бизнис

(Фото): Два милиона патници за пола година на аеродромите во Скопје и во Охрид

Аеродромите во Скопје и во Охрид, продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај во првата половина од 2026 година.

Во првите шест месеци од годинава, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужиле вкупно 1.955.648 патници, што претставува зголемување од 28 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 13.167 летови, односно 7,6 проценти повеќе отколку лани. Само во јуни преку двата аеродрома патувале 374.714 патници, што е раст од 15,6 проценти на годишно ниво. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, оцени дека резултатите претставуваат јасен показател за континуираниот развој на македонските аеродроми.

  • Растот од 28 проценти на бројот на патници во првата половина од годината е потврда за успешната стратегија, зголемената доверба на патниците и атрактивноста на македонските аеродроми за авиокомпаниите. Ќе продолжиме да работиме на проширување на мрежата на дестинации, подобрување на услугите и обезбедување квалитетно патничко искуство – наведува Курт.

Според статистиката на ТАВ Македонија, најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром во првите шест месеци од годинава бил Истанбул (аеродромите ИГА и Сабиха Гокчен), со удел од 14,2 проценти во вкупниот патнички сообраќај. Следуваат Меминген, Базел-Милуз, Дортмунд, Цирих и Франкфурт.

Најголем удел во патничкиот сообраќај имаат летовите кон Германија (28,5 проценти), Турција (18 проценти), Швајцарија (9,3 проценти), Италија (8,2 проценти) и Шведска (5,8 проценти). Одделно, Меѓународниот аеродром Скопје во периодот јануари – јуни опслужил 1.833.010 патници, што е раст од 28,6 проценти, при што биле реализирани 12.260 летови или 6,5 проценти повеќе од истиот период лани.

Охридскиот аеродром, пак, бележи раст од 18,2 проценти со вкупно 122.638 патници, додека бројот на реализирани летови достигнал 907, што претставува зголемување од 26 проценти во однос на првата половина од минатата година.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top