Бизнис

Мора да се стави крај на издавањето на црно апартмани преку „Booking“ и „Airbnb“

Европската комисија ја предложи регулативата уште во 2022 година, откако повеќе европски градови предупредуваа дека масовното краткорочно изнајмување влијае врз цените на домувањето и создава дополнителен притисок врз локалната инфраструктура. Според ЕУ, една од главните причини за воведување на новите правила е недостигот на сигурни и стандардизирани информации за сопствениците, локациите и за времетраењето на изнајмувањето, што досега им отежнувало на институциите да го следат пазарот и да носат соодветни политики.

Сивата економија во туристичкиот сектор во Македонија со години претставува еден од најголемите предизвици за државата и за легалните туристички работници. Особено загрижувачко е неконтролираното, односно диво издавање станови, апартмани и други сместувачки капацитети за краткорочен престој преку онлајн платформите „Ер-би-ен-би“, „Букинг“, „Фејсбук“, „Кајак“, објави Вечер.

Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат физичките лица дека имаат законска обврска да го пријавуваат приходот остварен од издавање недвижности преку системот „е-Даночни услуги“, но состојбата на терен покажува дека голем дел од овој пазар и понатаму функционира во сивата зона. Според законските одредби, секое физичко лице што издава стан, вила, викендичка, апартман или соба за период пократок од 31 ден мора електронски да го пријави приходот најдоцна до 10. во месецот за претходниот месец. Данокот се пресметува врз основа на бруто-приходот намален за нормирани трошоци – 10 проценти за неопремен и 15 проценти за опремен простор.

Но, и покрај законските обврски, институциите сè уште немаат целосна контрола врз брзорастечкиот онлајн пазар за краткорочно издавање на сместување. Во Скопје, според процените на туристичкиот сектор, се издаваат околу 3.000 стана за туристички цели, а градот сè уште нема регистар на ваквите сместувачки капацитети, ниту нивна соодветна категоризација.

Ова, според експертите, создава сериозен притисок врз легалниот хотелски и угостителски сектор, но и врз институциите, кои немаат реална статистика за бројот на туристи, остварените ноќевања и за приходите од туризмот. Дополнително, проблем претставува и безбедносниот аспект, бидејќи голем дел од гостите што престојуваат во приватното сместување не се евидентираат соодветно.

  • Нелегалното издавање и сè уште нерегулираниот пазар на онлајн платформи создаваат дополнителна конфузија и притисок врз реалниот туристички сектор. Ако ги погледнеме европските практики, ќе видиме дека европските земји одамна имаат воведено туристичка инспекција и туристичка полиција, кои го регулираат овој дигитализиран пазар и создаваат функционален систем. Европската Унија воведе и нови правила со кои приватните сместувачки капацитети мора задолжително да имаат регистрациски број и да ги исполнуваат законските услови за работа, со што значително се намалува сивата економија – изјави за весникот ВЕЧЕР туристичкиот експерт и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Тој додава дека и покрај барањата на секторот повеќе од десет години, сè уште немаме туристичка полиција, туристичка инспекција, функционална е-туризам платформа или други законски решенија што ќе ја намалат сивата економија. Според процените на Светската туристичка организација, сивата економија во туризмот во Македонија надминува 45 проценти, а државата годишно губи околу 120 милиони долари од непријавен туристички промет, вели Јаневски. Тој предупредува дека особено проблематично е што Скопје, како најголем туристички центар во државата, нема јасна регулатива за краткорочното издавање станови. Градот нема регистар на станови, ниту нивна категоризација, што претставува огромен притисок врз реалниот сектор, создава непотполни статистички податоци и безбедносен ризик поради ниската контрола на пријавувањето престој, посочува Јаневски.

Како едно од можните решенија, тој предлага воведување европска практика според која за краткорочно туристичко издавање стан ќе биде потребна согласност од најмалку 51 процент од станарите во зградата.

Според туристичките работници, дополнителен проблем претставува и недостигот од институционален капацитет за спроведување на европските законски решенија во туризмот. Дел од секторот смета дека Министерството за култура и туризам, и по две години од формирањето, сè уште не ги оправдало очекувањата на туристичката индустрија. Поради ваквите состојби, експертите предупредуваат дека ќе му бидат потребни најмалку пет години на македонскиот туризам за целосна стабилизација и за воспоставување функционален систем што ќе овозможи фер конкуренција, поголеми приходи за државата и повисоко ниво на безбедност и контрола во туристичкиот промет.

ЕУ воведе нови правила за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети

Европската Унија почна со примена на новите правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместување, со цел да се воведат поголема контрола и транспарентност во секторот што доживеа огромен раст изминатите години. Станува збор за Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која се однесува на платформите како „Ер-би-ен-би“, „Букинг“ и други сервиси за краткорочно издавање апартмани и сместувачки капацитети. Со новите правила, секоја земја членка ќе мора да воспостави единствен дигитален систем за регистрација на домаќините, а платформите ќе имаат обврска редовно да доставуваат податоци до надлежните институции.

Тоа значи дека платформите ќе мора да проверуваат дали имаат сместувачките капацитети валиден регистрациски број, а огласите што не ги исполнуваат условите ќе бидат отстранувани. Воедно, надлежните органи ќе добиваат информации за бројот на ноќевања, гостите и за активностите на домаќините.

Европската комисија ја предложи регулативата уште во 2022 година, откако повеќе европски градови предупредуваа дека масовното краткорочно изнајмување влијае врз цените на домувањето и создава дополнителен притисок врз локалната инфраструктура. Според ЕУ, една од главните причини за воведување на новите правила е недостигот на сигурни и стандардизирани информации за сопствениците, локациите и за времетраењето на изнајмувањето, што досега им отежнувало на институциите да го следат пазарот и да носат соодветни политики.

Најнови вести од: Бизнис

Божиновска за грчки “Енерџи Гејм”: Македонија станува клучна гасна раскрсница на Балканот

Енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа е новата улога што министерката Сања Божиновска ја најавува за Македонија по приклучувањето кон Вертикалниот коридор. Договорот беше потпишан на 4 септември во Солун, но патот од политички меморандум до гасна раскрсница зависи од изградбата на две клучни врски со Грција и Србија.

ММФ отвора центар за техничка помош за земјите од Западен Балкан и Молдавија

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори нов центар за техничка помош во Рим, наменет за земјите од Западен Балкан и Молдавија, со цел да им помогне во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети во процесот на пристапување кон Европската Унија. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оцени дека проширувањето на ЕУ повторно се наоѓа високо […]

(Фото): „Алказар Енерџи Партнерс“ обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Македонија

На реализацијата на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип, од Владата истакнаа дека инвестициите во обновливи извори на енергија, заедно со развојот на одржливиот транспорт, се меѓу клучните чекори кон модерна и енергетски стабилна Македонија.

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

За три месеци се завршени градежни работи вредни 242 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

Најнови вести

To top