Бизнис

Нема да има поскапување на струјата за домаќинствата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, увери дека овие одлуки нема да предизвикаат зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

-По носењето на овие одлуки, потенцирам дека во никој случај нема да се зголемат, ЕВН Хоум како универзален снабдувач ќе направи пресметка согласно Законот за енергетика и ќе ја достави на увид до РКЕ, за да се провери дали е во согласност со тарифниот систем кој е сега во сила, истакна Бислимоски.

Тој потсети дека тарифниот систем се базира на блоковски начин на тарифирање, воведен во 2022 година кој, споре него, придонесе да се намали потрошувачката на домаќинствата и да се испрати сигнал до потрошувачите дека нерационалната потрошувачка носи повисоки сметки.

-ЕСМ е сложена компанија и сите ние треба да превземаме чекори и мерки кои ќе му овозможат финансиска стабилност. Од тие причини, со блоковската структура се намалува потрошувачката кај домаќинствата и се остава простор за поголеми количини ЕСМ да не ги продаваат на ЕВН Хоум по цена од 65 евра, која е речиси двојно пониска од пазарната и дури пониска од производната цена и јасно е дека таа цена доведува до загуби, нагласи Бислимоски.

Според него, целта е што е можно повеќе количини на електрична енергија ЕСМ да ги продава на слободниот пазар, каде што цената моментално изнесува околу 130 евра за мегават-час.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема ценовен шок, имаме стабилност во снабдувањето со нафта, рече премиерот

Владата успешно се справува со економските предизвици, нема ценовен шок, инфлацијата е најниска во регионот, а приоритет останува зголемувањето на стандардот на граѓаните. Како што истакна премиерот Мицкоски, почетокот на годината носи охрабрувачки показатели – Владата и бизнис-секторот работат на стабилноста, заштитата на стандардот и на долгорочниот раст, а компаниите имаат доволно резерви за снабдување.

„Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив“ – Трендафилов ги повика работниците на протест

На прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

Најнови вести

To top