Бизнис

Николоски: Ја избравме Европа за партнер во реализацијата на најкрупните капитални проекти

Инвестираме неколку милијарди евра во капитални проекти

Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Александар Николоски на панел дискусијата на економскиот форум во Виена.

Презентирајќи ги капиталните проекти, тој потенцираше дека во Македонија се работи на изградба на нови автопати на Коридор 8, на граничните премини како и на модернизација на автопатскиот Коридор 10.

Исто така истакна, предизвик е развојот на железничката мрежа преку изградба на брзата пруга на Коридор 10 која ќе има силно влијание врз меѓународниот транспорт. Во својот говор зборуваше и за железничкото поврзување со Бугарија на Коридор 8 како и за плановите за железничко поврзување со Албанија.

Во продолжение интегралниот говор на вицепремиерот Николоски:

-Вчера го споделив мојот став и моето мислење за регионот и можното проширување, сега ќе зборувам повеќе за економскиот развој и за тоа што правиме ние во нашата земја и како тоа влијае врз целиот регион. Оваа влада беше избрана во јуни минатата година и веќе мина повеќе од една година од нашето владеење и имаме мошне амбициозна инвестициска агенда усвоена од Владата. Би сакале да ја искористиме можноста, единствената географска локација што ја има државата, иако немаме излез на море, сепак имаме среќа што еден од европските коридори минува источно од нашиот главен град Скопје, коридор 10, најдолгиот пан-европски коридор кој започнува во Атина, во пристаништето Переа и завршува во Финска, значи, целиот северо-западен европски коридор, а вториот е коридор 8, кој ги поврзува Јонското и Јадранското Море со Црното Море, тоа е источно-западниот коридор на Југоисточна Европа. Ова е огромна можност за нас која сакаме да ја искористиме и започнавме мошне амбициозно со развивањето на овие коридори. Со коридорот 10 во делот на автопатите состојбата е горе-долу добра, има добра инфраструктура и добар автопат од границата со Србија до границата со Грција, рече тој.

Николоски истакна дека со коридорот 8 ситуацијата не е толку добра, но започнавме да го развиваме.

-Па, или градиме или веќе сме завршиле или ќе изградиме автопати од границата со Албанија до границата со Бугарија. Во моментов ги реконструираме граничните премини и ги надградуваме бидејќи би сакале да имаме пократко време на чекање на граничните премини. Вкупната инвестиција во автопати и експресни патишта на коридор 8 ќе биде околу 1,5 милијарди евра, што за нашата економија, е навистина нешто огромно и нешто што е значајно. Го развиваме и коридорот 10д – коридорот кој го крати растојанието меѓу Атина и Скопје. Ако во моментов се патува осум до осум и пол часа, со ова ќе се скрати на пет до пет и пол часа. Од наша страна го градиме најголемиот автопат што е некогаш изграден во државата, околу 55 километри, а од другата страна градат и Грците и тоа е делот кој недостига од сложувалката, па се надевам дека кога од Виена ќе патувате кон Атина ќе скратите барем три часа со она што го градиме сега.
Железницата за нас е огромен предизвик, но истовремено и огромна шанса. Имаме визија за која мошне гласно зборував кога бевме во опозиција. Се сеќавам дека кога во 2022 Пријатели на Европа ме избраа за највијателни личности под 40 години, а сега за жал над 40, зборував за ова и тоа беше сосема нова приказна за најголем дел од европските метрополи, вклучително и Виена. Со развивање на железничкиот коридор 10, брзата железница, може да го скратиме времето за снабдување за Европа од 21 до 24 дена. Зашто, ако сега пловилото минува низ Суецкиот канал, минува низ Средоземното Море, Гибралтар, Хамбург, Антверпен, Ротердам или северните пристаништа. Единствената причина поради која северните пристаништа се користат во толкава мера, тоа е затоа што имаат добра инфраструктура до централна Европа. Но ако успееме да создадеме добра инфраструктура на железницата на коридор 10, бидејќи тоа е најевтиниот и најбрз начин за транспортирање на стоки, тогаш тоа време може да се скрати на 21 до 22 дена. Поголемите пловила да се застануваат во Атина и да дојдат во Виена, а помалите во Солун и да пристигнат тука. Имаме амбициозна програма за изградба на брза железница, патничките возови ќе возат со 250 км на час, но она што е важно се товарните возови кои ќе возат 140 км на час, со најдолгите можни возови кои возат низ Европа во моментов, 750 метри долги возови. Веќе има брза железница меѓу Атина и Солун, меѓу Белград и Будимпешта, ќе биде во функција од на пролет, Будимпешта-Виена е горе-долу добра инфраструктура и она што ни недостига се Белград-Ниш-Скопје-Солун. Веќе имаме договор со нашите грчки пријатели, се сретнав со вицепремиерот на Грција пред еден месец, тие ќе го изградат делот кај нив што недостига, од Солун до нашата граница, а ние започнуваме на пролет следната година со изградба на нашиот проект. Тоа ќе биде најголемиот проект во Југоисточна Европа, иако ние сме една од најмалите држави во тој регион, истакна вицепремиерот.

Обелодени дека инвестицијата ќе биде околу 2 милијарди евра.

-Бидејќи не сме членки на ЕУ, имавме две алтернативи: да потпишеме со Кинезите, не е тајна дека тие дојдоа уште на првиот ден кога започнавме како Влада, понудија заем без камата, ако градиме со нив. Но ние мислевме дека од витално значење за Европа, бидејќи коридорите, особено железничките, користат мошне иновативна сигнализација што може да се искористи и за други работи, покрај железницата, решивме да потпишеме договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Имаме 5 милијарди фунти, 6 милиони евра на располагање, од кои 2 ќе ги искористиме за овој проект, со добри услови, за жал не можам да ги споделам условите сега, бидејќи се’ уште се доверливи, но кога ќе се откријат, мислам сите ќе се согласат дека се поволни. Очекуваме да почнеме следната година и да завршиме во 2031, бидејќи се работи за двојна пруга, првата, товарната што ќе заврши во 2028 година. Очекуваме само од коридор 10 во правата година откако ќе биде завршена железницата, да имаме приход од користењето на железницата од околу 120 милиони евра, само за транзит. Тековниот приход е 12 милиони, само за споредба, а потоа и ќе се зголемува, па може да замислите каков процут ќе биде тоа за економијата за Австрија, за Унгарија, бидејќи тоа се копнените пристаништа од каде што се движат стоките кон остатокот на Европа, рече тој.

Втор е коридор 8, за кој рече дека е мошне важен за безбедноста, за политиката.

-Од страната на автопати, веќе инвестираме многу, а развиваме и железнички коридор. Минатата недела имавме церемонија со бугарскиот вицепремиер потпишавме договор за заедничко спојување, ќе се споиме со тунел, познатиот тунел кој беше дел од политички кампањи и спорови меѓу двете земји. Сега тоа прашање е решено. Очекувам добар напредок. Имаме три делници за спојување на главниот град со границата со Бугарија. Првата е веќе во функција, од јануари годинава, втората ќе биде готова во октомври следната година, а третата, соработуваме со ЕИБ и ЕБРД и се надевам дека со промените нема да ни треба многу време, бидејќи дадов политичко ветување дека ќе го објавам тендерот во декември, па зависи колку ќе трае истражувањето на пазарот, се надевам нема да трае три месеци и дека ќе може да го објавиме повикот во декември, па ќе можам да ве поканам на пролет за церемонијата на поставување камен темелник на третата делница од автопатот што треба да не’ поврзе со Бугарија. И од другата страна вложуваат големи инвестиции, морам да ги поздравам. Од наша страна ние веќе инвестираме околу 800 мил евра, Бугарите инвестираат 1,2 милијарди евра, па вкупно ќе потрошиме околу 2 милијарди евра заедно да ги поврземе Скопје и Софија – нешто што е сон на многу генерации, нешто за што сме учеле во основно, во средно училиште. Ние, со бугарскиот вицепремиер, имавме среќа да го потпишеме овој договор, се надевам и нашите албански пријатели ќе се приклучат, бидејќи ова ќе има смисла ако сите се поврземе. Следниот предизвик е да го развиеме западното крило од железницата и истото да го направи и Албанија, па се надеваме дека до 2031 година прво ќе имаме редовна линија од Скопје преку Софија до Бургас, а потоа зависно од брзината на нашите албански пријатели, да го поврземе и Јонското Море. Има и други проекти, но сметав дека ова е важно да го споделам и е нешто што може да послужи како пример за регионот и како можеме да соработуваме заедно и со нетрпение ги очекувам подоцнежните прашања. Ви благодарам за времето и за трпението, рече во обраќањето Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Од сега нови правила за мали пакети вон ЕУ

Европската Унија го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите што купуваат евтина стока од земји надвор од ЕУ ќе плаќаат повеќе во иднина. Според новите правила, за секоја категорија стока во пратката ќе се наплаќа паушална царинска давачка од три евра.

(Видео): „Лидл“ во Македонија инвестира 200 милиони евра, првите маркети се очекуваат за Нова година, рече Николоски

Во Македонија наскоро ќе бидат отворени првите маркети на „Лидл“, што ќе донесе значителни придобивки за домашните земјоделци и ќе подобри бизнис климата, потенцира заменик-претседателот на Владата Александар Николоски при поставувањето на камен темелник во Струмица.

Народна банка: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните со раст во првиот квартал од 2026

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка.

Во училиште треба да има посебен предмет за финансиска едукација – ризиците се големи, вели главната економистка во НБРМ

Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование.

(Фото): Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес има за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд.

Модернизација на Железницата – Ќе се купуваат нови возови и електрични локомотиви

Со грант од еден милион евра од Светската банка почнува процесот на реформирање и модернизација на „МЖ-Транспорт“. Средствата се наменети за преструктурирање на претпријатието, додека паралелно се најавува набавка на нови патнички возови и најмалку пет електрични локомотиви.

To top