Бизнис

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Воведувањето авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата Визер,  ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Вицепремиерот Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Вицепремиерот Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.

Најнови вести од: Бизнис

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

Цените на нафтата повторно растат по иранските напади врз Обединетите Арапски Емирати

Меѓународната агенција за енергија веќе предложи дополнително ослободување на резерви за да се ограничат растечките трошоци за енергија, а аналитичарите посочуваат дека цените можат да продолжат да растат до крајот на март.

Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – едукацијата мора да е дел од образованието

Народната банка постојано спроведува бројни активности за унапредување на финансиската писменост, насочени кон учениците и студентите, како и кон пошироката јавност. Во изминатите години се одржани бројни едукативни предавања, изработени се печатени и електронски материјали, видеосодржини и едукативни игри, како и активности преку социјалните мрежи.

(Фото): Пред скоро 3 месеци дизелот се продаваше по 65 денари, сега скокна на 92 денари, што е следно?!

За седумдесет дена цената на дизелот во Македонија скокна за 40 проценти. До каде ќе оди зголемувањето на цената никој не знае. Владата засега не презема мерки. Иако во повеќе европски земји дизелот вообичаено е поскап од бензинот, поради политиката која ја водат тамошните влади за дестимулирање на автомобили со вакво гориво, кај нас дизелот во најголем дел од годините беше поекономичната варијанта. На ваквиот тренд, според познавачите, најмногу влијаат актуелните состојби на пазарот, пред сѐ геополитичките состојби.

Бранот поскапувања се рефлектира и во маркетите – Што следно ќе поскапи?!

Шокот од пумпата стигна до полиците во продавниците, каде повеќе, каде помалку. По некој денар се бележи поскапување кај повеќе артикли, како што се маслото, јајцата и кафето, кои веќе имаат нови цени, а вториот бран на поскапување најверојатно доаѓа наскоро. Ланецот е јасен: транспортот поскапува, па поскапува сè, за жал. Не само кај нас, туку несекаде.

Најнови вести

To top