Бизнис

По „Мета“, „Гугл“: ЕУ ја заострува битката против американските гиганти во светот на вештачката интелигенција

Европската Комисија (ЕК) покрена формална истрага за заштита на конкуренцијата против американскиот технолошки гигант Гугл (дел од Alphabet), фокусирана на потенцијалната злоупотреба на доминантната позиција на пазарот преку користење на онлајн содржини за тренирање и генерирање резултати од вештачка интелигенција (ВИ).

Европската Комисија (ЕК) покрена формална истрага за заштита на конкуренцијата против американскиот технолошки гигант Гугл (дел од Alphabet), фокусирана на потенцијалната злоупотреба на доминантната позиција на пазарот преку користење на онлајн содржини за тренирање и генерирање резултати од вештачка интелигенција (ВИ). Истрагата, според член 102 од Договорот за функционирање на Европската Унија, ќе утврди дали Гугл нелегално користи текстови, вести и други содржини од веб-издавачите за своите AI Overviews и AI Mode (функции во пребарувачот што генерираат резимеа и разговорни одговори), без да обезбеди соодветна компензација или опција за одбивање без да се изгуби видливоста во пребарувачот.

Дополнително, под лупа е и употребата на видеа од YouTube – платформа на Гугл – за тренирање на AI модели како Gemini. Креаторите на содржини, кои ги поставуваат видеата, немаат можност да го одбијат користењето на нивните материјали за AI, ниту добиваат надоместок, додека ривалските AI-компании се спречени од YouTube-услови да пристапат до истата содржина. „Многу креатори на содржини зависат од пребарувачот на Гугл за сообраќај од корисниците и не сакаат да ризикуваат да го изгубат пристапот до него“, нагласува ЕК во соопштението.

ЕК, во улога на европски чувар на конкуренцијата, предупредува дека ваквите практики можат да ги ставаат ривалските AI-развивачи во неповолна позиција, ограничувајќи ја иновацијата. Ова е дел од пошироката регулаторна офанзива на ЕУ против американските технолошки гиганти: минатата недела слична истрага беше покрената против Meta за блокирање на AI-ривали во WhatsApp. Покренувањето на истрагата не значи дека Гугл е виновен – исходот ќе зависи од доказите, но ако се потврдат прекршоците, компанијата може да се соочи со казни до 10% од глобалниот приход (околу 27 милијарди долари) и обврска за промени во практиките.

Гугл реагираше дека „оваа жалба ризикува да го задуши иновациите во пазар што е поконкурентен од кога било“, и дека ќе соработува со ЕК за да ги поддржи новинарските и креативните индустрии во транзицијата кон AI ерата. Тереза Рибера, извршна потпретседателка на ЕК за чиста, правична и конкурентна транзиција, додаде: „ВИ носи неверојатни иновации и придобивки за луѓето и бизнисите во Европа, но тој напредок не смее да доаѓа на сметка на принципите во срцето на нашите општества.“ Оваа истрага ја истакнува растечката загриженост на ЕУ за фер пристап до податоци во AI-развојот, особено кога доминантните платформи како Гугл имаат „привилегиран“ пристап до масовни содржини.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Најнови вести

To top