Бизнис

Просечната плата расте, а синдикалната кошница се празни, алармира ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува на својот пресметан минимум: за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 65.173 денари за месечни трошоци. Доколку домаќинството плаќа кирија или отплаќа кредит за стан, сметката скока на околу 80.000 денари. Тоа значи дека една просечна плата не покрива ни две третини од синдикалната кошница, а во многу семејства и понатаму само еден член формално носи плата дома.

Во септември просечната нето плата во Македонија достигна 45.466 денари, или околу 740 евра. Според најновите податоци, тоа е зголемување од само 115 денари во однос на август – раст од 0,3 проценти. Многу поимпресивно изгледа годишната бројка: платите се повисоки за 9,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а кумулативно, за првите девет месеци од 2025 во однос на 2024, растот изнесува скоро 10 проценти. Но, и покрај двоцифрените проценти на хартија, синдикалната кошница останува – недополнета.

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува на својот пресметан минимум: за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 65.173 денари за месечни трошоци. Доколку домаќинството плаќа кирија или отплаќа кредит за стан, сметката скока на околу 80.000 денари. Тоа значи дека една просечна плата не покрива ни две третини од синдикалната кошница, а во многу семејства и понатаму само еден член формално носи плата дома.

  • „Повторно е прескап животот за македонскиот граѓанин и работник“, предупредува Иван Пешевски од ССМ, нагласувајќи дека просечната плата расте, но минималната е „замрзната“ уште од март годинава. Синдикатите сметаат дека токму најниските плати се најголемиот проблем во системот и бараат минималецот да се крене на 600 евра – речиси 200 евра повеќе од сегашното ниво.

Во нивната логика има и силна социјална и политичка порака: ако за преживување се потребни 80.000 денари за семејство, тогаш сегашниот минималец не го покрива ни половина од тој износ. Затоа ССМ веќе најавува протести и штрајкови, потсетувајќи дека продуктивноста на работниците е повисока од она што го добиваат на платен список, а разликата завршува во профитите на газдите.

Дебатата дополнително ја запали предлогот што во Собранието го поднесе пратеничката група на Европскиот фронт: минимална плата од 600 евра за работници со завршено средно образование и 800 евра за оние со високо – т.н. „црногорски модел“. За синдикатите, ова е очекуван чекор во насока на нивните барања. За дел од економистите и бизнис-заедницата, пак, предлогот изгледа повеќе како политички сигнал отколку како реален план со јасни пресметки за влијанието врз економијата.

Економистите кои предупредуваат на ризици потсетуваат на една стара метафора – „врзани садови“. Колку повеќе минималната плата се врзува за просечната, толку повеќе двете меѓусебно си го туркаат растот: секое зголемување на минималецот ја крева и просечната плата, а секој раст на просечната потоа служи како аргумент за ново покачување на минималната. Во таков систем, велат тие, платите се движат на „автопилот“, без вистинска врска со продуктивноста, инфлацијата, растот на БДП или реалната состојба по сектори.

Нивната алтернатива е појасна формула: минималната плата да се врзе за економски параметри – инфлација, пораст на продуктивноста и на бруто-домашниот производ – наместо за статистичката просечна плата која и самата е „растеглиива“ категорија, под силно влијание на високите менаџерски доходи и одделни добро-платени сектори.

Сликата на крај останува повеќеслојна. Статистиката вели: просечната нето плата оди нагоре, растот во проценти изгледа солидно, а дел од секторите навистина бележат значајни покачувања. Синдикатите велат: тоа не е доволно, затоа што реалните трошоци за храна, режиски сметки, транспорт, образование и сместување одамна ја прегазиле просек-платата. Политичките партии, пак, го користат просторoт меѓу овие две перспективи за да нудат модели и ветувања кои звучат добро, но ретко доаѓаат со детална пресметка.

До тогаш, бројката од 45.466 денари останува симболична граница: доволно висока за да изгледа убаво во соопштенија и извештаи, но предалеку од 65.173 или 80.000 денари, колку што синдикатите велат дека чини еден нормален месец за четиричлено семејство. Разликата меѓу агрегатните проценти и празната синдикална кошница сè повеќе станува мерна единица за тоа колку економската статистика успева – или не успева – да го фати реалниот живот на македонските работници.

Најнови вести од: Бизнис

Европскиот парламент сака пауза во спроведувањето на трговскиот договор со САД

Европската комисија побара објаснувања од Вашингтон. Врховниот суд на САД, претходно, го прогласи поголемиот дел од царините воведени од Трамп за незаконски. Трамп, сепак, најави нови вонредни царини. Тој во петокот зборуваше за десет проценти царини на стоки од целиот свет, а во саботата за 15 проценти.

(Видео): Се создаваат услови знаењето да се претвори во иновации и работни места, вели премиерот

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економијата базирана на знаење и иновации. На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

Важно за Македонците: Германија стопираше 18.000 барања за работа поради исцрпена квота

Економски аналитичари посочуваат дека германскиот пазар на трудот сѐ уште има потреба од работна сила, особено во здравството, градежништвото и во услужниот сектор, но додаваат дека трошоците за живот, кои растат побрзо од платите кај пониско платените работници, особено ги погодуваат мигрантите, кои стартуваат од пониски позиции и без сопствен имот.

Како ЕУ планира да „удри“ врз Доналд Трамп за новата одлука со царини?!

Брисел може да го активира и т.н. Анти-присилувачки инструмент, кој овозможува ограничувања во пристапот на американски компании до јавните набавки во ЕУ или воведување дополнителни финансиски мерки. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Европа останува отворена за дијалог, но нема да дозволи еднострани мерки што ја нарушуваат рамнотежата на глобалната трговија.

Азески: Кичево има потенцијал да стане мултимодален транспортен јазол

Во Стопанската комора во Кичево се одржа седница за разгледување на актуелната економска состојба во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании, како и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната власт. На седницата присуствуваа и раководителите на регионалните комори од Битола, Охрид и Прилеп.

To top