Бизнис

ССМ ја напушти седницата на ЕСС, Трендафилов најави протести

Синдикатите не го прифаќаат износост од 1.600 денари, со кој по мартовското усогласување ќе се зголеми минималната плата и најавуваат протести кон средината на месецов. ССМ ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Наспроти нив, премиерот Христијан Мицкоски тврди: „Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април“.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, обвини дека Владата, работодавачите и останатите синдикати застанале на иста страна против реално зголемување на примањата на работниците. Според Трендафилов, имало обид законското усогласување на минималната плата да се протурка без суштинска дебата за реалните потреби на работниците..

Трендафилов децидно посочи дека Сојузот на синдикати нема мандат да учествува во вакво усогласување, поради што нивните претставници демонстративно ја напуштиле седницата на ЕСС.

  • „Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. За жал, борбата продолжува повторно на улуца на средина на март“, рече претседателот на ССМ, Слободан рендафилов.

За жал, борбата продолжува повторно на улуца на средина на март“, објави на социјалните мреежи претседателот на ССМ, Слободан рендафилов.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

To top