Цената на алуминиумот на Лондонската берза за метали (LME) денеска се зголеми за повеќе од 3 отсто и достигна 3.401 долар за метрички тон, што е највисоко ниво во последните речиси четири години.
Водечкиот производител на Блискиот Исток, „Емирати Глобал Алуминиум“ (ЕГА), соопшти дека неговиот објект во Абу Даби претрпел „значителна штета“. Компанијата „Алуминиум Бахреин“ исто така објави дека е во процес на проценка на обемот на штетата во својот производствен капацитет.
Цената на алуминиумот последен пат ја надмина границата од 4.000 долари за тон во март 2022 година, веднаш по почетокот на руската агресија врз Украина, кога Русија, како еден од поголемите производители на алуминиум во светот, се најде под меѓународни санкции.
Алуминиумот е важен индустриски метал кој широко се користи во електрониката, пакувањето, градежништвото и производството на возила.