Бизнис

Унгарија ќе ја тужи Европската унија за поради договорот за укинување на руски гас

Унгарија соопшти дека ќе покрене правна постапка против одобрувањето на привремениот договор во Европската Унија за постепено укинување на увозот на руски природен гас со цел да се стави крај на зависноста на европските земји од руската енергија.

Унгарија објави дека ќе покрене правна постапка против одлуката на Европската унија за постепено укинување на увозот на руски природен гас, со цел да се намали зависноста на Европа од руска енергија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека ЕУ влегува во „нова ера“ на енергетска независност, со постепено укинување на руските фосилни горива. Новата регулатива предвидува забрана за увоз на течен природен гас (LNG) до крајот на 2026 година, додека увозот на гас преку цевководи ќе биде постепено укинат до есента 2027 година.

  • „Ова е почеток на нова ера: ера на целосна енергетска независност на Европа од Русија“, рече фон дер Лајен.

Таа додаде дека со намалувањето на увозот на руски фосилни горива, приходите што Русија ги користи за војната во Украина се намалени од 12 милијарди евра месечно на 1,5 милијарди евра месечно, со цел тие да се сведат на нула.

Одлуката предизвика остри реакции од Унгарија, која е силно зависна од руски гас и нема излез на море. Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека прифаќањето и спроведувањето на оваа регулатива е „невозможно“ за Унгарија и најави дека земјата ќе ја оспори одлуката пред Судот на правдата на ЕУ веднаш по формалното усвојување на планот RePowerEU. Според него, одлуката претставува санкција против Русија, а не мерка на трговската политика.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој честопати ја критикуваше Европа за заземање на она што го нарече „тврд став“ кон Русија поради нејзината војна во Украина, рече дека руските енергетски ресурси се „витални“ за Унгарија.

Словачка, која исто така се пожали на влијанието што прекинувањето на снабдувањето со енергија од Русија би го имало врз нејзината економија, рече дека разгледува одговор на новите мерки. Стратегијата REPowerEU на ЕУ за ставање крај на зависноста од руската енергија е родена од инвазијата на Кремљ во Украина во февруари 2022 година.

Брисел сака да ја спречи Москва да го користи гасот како геополитичко оружје, како и да ја спречи Русија да го користи како витално оружје за финансирање на својата војна.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, ја критикуваше Европа за нејзината зависност од руската енергија.

На 22 октомври, Министерството за финансии на САД објави дека воведува санкции врз две од најголемите руски нафтени компании – државната Роснефт и приватниот Лукоил – чиј извоз значително придонесува во касата на Кремљ.

Еден ден подоцна, Брисел ги таргетираше „Роснефт“ и „Гаспромнефт“, друга голема нафтена компанија што е подружница на државниот гасен гигант Гаспром.

Трамп, сепак, ѝ одобри на Унгарија ослободување од американските санкции за нејзините купувања на руска енергија, рече Орбан, еден од најблиските сојузници на американскиот претседател во Европа.

  • „Успеавме: Европа засекогаш ја исклучува славината за руски гас“, напиша европскиот комесар за енергија Ден Јоргенсен на „Икс“.

„Избравме енергетска безбедност и независност за Европа. Крај на уцените. Крај на манипулациите со пазарот од страна на Путин. Цврсто стоиме зад Украина.“

Кремљ рече дека овој потег ќе го „забрза“ падот на потенцијалот на европската економија и ќе „ја намали нејзината конкурентност“.

  • „Ова значи дека Европа ќе зависи од гас што е поскап, а понекогаш и значително поскап, од рускиот гас“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

За да биде формално усвоен, привремениот договор мора да биде одобрен од Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top