Бизнис

(Видео): Вложувањето во човечки капитал е најважната задача на една институција

Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност.

Гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески е Тони Стојановски, главен извршен директор и член на УО на „НЛБ банка“ Скопје, професионалец кој целата своја професионална кариера ја градел во банкарскиот сектор. Разговорот е насочен кон состојбите и предизвиците во банкарството во Македонија.

Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност. За него Народна банка е една од врвните институции во земјава, која многу инвестира во развојот на својот кадар. Банкарската супервизија, пак, ја нарекува срцето на банкарскиот сектор бидејќи навременото откривање и препознавање на слабостите значи превенција од потенцијалните ризици кои можат да појават.

  • „Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната работа за една институција“, нагласува м-р Стојановски.

Во 2008 година, на покана на Националната банка од Грција, се приклучува во  „Стопанска Банка“ АД Скопје за да го зајакне менаџерскиот тим. Во периодот од 2010 до 2020 година ја извршува функцијата генерален директор за управување со ризици и член на УО на „Стопанска банка“, а во 2020 година, благодарение на своето знаење и професионализам, е назначен за генерален директор за корпоративно банкарство.

Од септември 2024 година Стојановски е именуван за главен извршен директор и за претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје. Тој посочува дека раководството на групацијата „НЛБ“ во Љубљана е силно насочено кон Балканот, а новата стратегија 20/30 ќе донесе нови услуги, дигитални иновации и натамошно јакнење на регионалното присуство.

Во разговорот Стојановски се осврнува и на фактот дека „НЛБ банка“ Скопје токму овие денови ја одбележува својата 40-годишнина. Од мала финансиска институција создадена за поддршка на тутунските производители, Банката прераснала во стабилна и реномирана компанија. Според Стојановски, успехот се должи на високата предвидливост, јасната стратегија за раст и развој, силниот менаџерски тим за работа и навременото детектирање на ризиците. Тој додава дека „НЛБ банка“ низ годините преземала и одредени ризични, но стратешки важни потфати со кои, покрај на големите компании, значително им помогнала и на малите и на средните претпријатија, придонесувајќи за економијата на државата.

Покрај професионалните ангажмани, Стојановски е и долгогодишен претседател на Одборот на директори на „Македонска берза“ АД Скопје, потпретседател на  Македонската банкарска асоцијација и претседател на Надзорниот одбор на „Стопанска лизинг“ Скопје.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси – љубовта спрема фудбалот и планинарењето, активности кои му носат енергија и рамнотежа во секојдневниот живот.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема ценовен шок, имаме стабилност во снабдувањето со нафта, рече премиерот

Владата успешно се справува со економските предизвици, нема ценовен шок, инфлацијата е најниска во регионот, а приоритет останува зголемувањето на стандардот на граѓаните. Како што истакна премиерот Мицкоски, почетокот на годината носи охрабрувачки показатели – Владата и бизнис-секторот работат на стабилноста, заштитата на стандардот и на долгорочниот раст, а компаниите имаат доволно резерви за снабдување.

„Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив“ – Трендафилов ги повика работниците на протест

На прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

To top