Хроника

Прободел 13 годишен врсник во срце – нема кривично да одговара

13-годишникот и неговиот 19-годишен брат им нанесоа убодни рани на три лица, од кои двајца малолетни

На 19-годишникот кој завчера учествуваше во крвавата тепачка во скопската населба Чаир, во која тој и неговиот малолетен брат на 13-годишна возраст им нанесоа убодни рани на три лица, од кои двајца малолетни, Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор. 

Малолетник од само 13 години, прободел тројца со нож

13-годишниот брат на притворениот нема кривично да одговара и покрај тоа што, според полициското соопштение, токму тој ги избол трите лица, меѓу кои и 13-годишното дете кое е во животозагрозувачка состојба затоа што го пробол во срцето.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека 13-годишникот не подлежи на кривична одговорност.

„Осомничениот 19-годишник и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Тепачката се случила на 31 август околу 22 часот, во која Б.И.(19) и неговиот 13-годишен брат со нож повредиле лица на возраст од 13, 16 и 19 години.

13-годишникот е во критична состојба, а тешко е повреден и 19-годишниот И.З..

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top