Бизнис

Моторот на економијата – градежништвото, пораснало за 9% во споредба со лани, услугите за 6,1%

Крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Рече дека директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

Минималната плата во март ќе се зголеми за околу 2.000 денари

Нема да има интервентно зголемување на минималната плата под притисок на синдикатите, а нема да има ниту празнични потрошувачки кошници или ад- хок мерки за стабилизација на цените и маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели минималецот ќе порасне во март, но само онолку колку што законски следува, согласно формулата за пресметка.

Позитивни прогнози за економијата в година – раст од 3,8% и пад на инфлацијата на 2,2%

Нови мерки кои имаат за цел да ја поттикнат економијата на земјата, фокусирајќи се на зголемување на инвестициите, создавање на нови работни места и зголемување на платите на вработените. Овие мерки, како што истакна министерот, претставуваат клучен дел од стратегијата на Владата за развој на националната економија и се очекува да обезбедат стабилен раст и нови можности за граѓаните.

(Фото): Од Србија до Грција преку Македонија по смарт автопат – креативен туризам на Балканот

Ќе се изврши и целосна рехабилитација на автопатот од границата со Србија до границата со Грција, со што ќе се овозможи пристоен и брз транспорт токму во насока на зголемување на транзитот на странските туристи низ државата. Во насока, пак, на нивното подолго задржување во земјата, од Владата кажаа дека се собираат информации за сите локации покрај патот кои би биле атрактивни за туристите.

„Лукоил Македонија“ има шанса да остане и да ги задржи 550-те вработени

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека треба да и се даде шанса на „Лукоил Македонија“ и дека може да се снабдува со деривати од други земји. Инаку „Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

Има надеж за „Лукоил“ и 550 негови вработени во Македонија

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Стопирани парите од европските фондови за земјоделците, ќе се истражува злоупотреба

Од митото на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството жртва земјоделците. Во незавидна позиција се и фирмите и физичките лица. Засега нема да ги добијат одобрените пари до ИПАРД програмата за развој на нивниот бизнис.

To top