Бизнис

Работна средба на Бранко Азески со раководството на „Филип Морис“

Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун.

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории, со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората. На состанокот беше разговарано за актуелната деловна клима и условите во кои стопанисуваат компаниите во државата.

Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун.

Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи.

На средбата, претседателот Азески укажа дека Комората како куќа на бизнисот останува во интерес на компаниите да делува за решавање за сите отворени прашања со кои се соочуваат. Во следниот период ќе се реализира посета и на Тутунскиот комбинат од Прилеп како фирма дел од корпорацијата Филип Морис со цел увид на лице место на производните капацитети. Беше посочено дека од интерес на компанијата е преку споделување на знаење и нови технологии кои го имаат деловните субјекти дел од корпорацијата кои делуваат во други земји, да се имплементираат новини и во производниот капацитет во Македонија за натамошен развој.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

To top