Бизнис

Врие од интернет измами во Македонија – да се отворат „четири очи“ при секоја трансакција

Главно, измамниците фокусирани се на фишинг напади, е-маил комуникација, како и креирање на лажни реклами со познати личности. Во текот на последната година, забележано е дека измамниците користат различни напредни методи за манипулација со жртвите. Додека онлајн продажбата расте, растат и измамите, особено на социјалните мрежи.

Македонците ќе плаќаат 20 евра за патување во ЕУ наместо 7 евра

Европската комисија објави дека цената на ETIAS системот ќе изнесува 20 евра наместо претходно планираните 7 евра, при што новиот систем за авторизација за патување ќе стапи во сила од последниот квартал на 2026 година. Според објаснувањето на Европската комисија, зголемувањето на цената од 7 на 20 евра се должи на неколку фактори како зголемената […]

(Видео): Законот за минималец од 500 евра повторно во Собранието

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели опозицијата и додава дека цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа.

Трговците и производителите на храна на средба со министерот за економија – што си кажаа?!

Мерки за зашита на стандардот нма граѓаните нема, а инфлацијата стигна на 4.8 проценти. Мора да се има позитивни чекори, ако не сакаат трговците да има санкции, вели министерот за економија.

Дали цените на храната ја подгреваат инфлацијата во Македонија?!

Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ го публикуваше го публикуваше го публикуваше ставот за движењата кај цените, каде што нотира дека цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата.

Четири банки ги намалија провизиите, НБРМ покренува нова иницијатива за проширување на функциите преку платежна сметка

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати.  Четири банки, три големи една средна, од почетокот на месецов ги намалија провизиите за граѓаните и компаниите. Гувернерот Трајко Славески, на денешната прес- конференција  најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение […]

„Визер“ најавува нова линија од Скопје до оваа европска држава за малку пари

Авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид. Компанијата најави дека со зголемувањето на поврзаноста и достапноста на авионскиот транспорт, ќе придонесе и за развојот на туризмот и економијата на земјата.

Скок на инфлацијата на 4,8% – во јули се живо поскапело

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на цените на мало бележат раст од 5,3 %. На месечно ниво во јули инфлацијата е зголемена за 1,1% додека цените на мало за еден месец пораснале за 3,1%.

Америка најави 100% царини на чипови – гигантот „Епл“ ослободени од новите давачки

Глобалната побарувачка за компјутерски чипови расте, а продажбата е зголемена за 19,6 отсто во годината што заврши во јуни, според Светската организација за статистика на трговијата со полупроводници.

Над 10.000 европски хотели ќе го тужат „Букинг“

Правната тужба, поддржана од HOTREC и повеќе од 30 национални хотелски здруженија, е отворена за сите хотели кои ги исполнуваат условите, без никакви трошоци или ризик. Рокот за приклучување кон колективната тужба ќе овозможи, според HOTREC, поголем број хотели да се приклучат за време на „прометната летна сезона“.

To top