Бизнис

УЈП за 2020 утврдила дека 6.600 граѓани оствариле приходи од странство без да платат данок – ги упати на суд

На граѓаните кои сметаат дека се оштетени, директорката Петрова им порача правдата да ја бараат по судски пат. Таа нагласи дека УЈП ниту може, ниту сака да ги спречи граѓаните кои располагаат со докази да поведат управен спор, бидејќи тоа е нивно законско право. Воедно, таа додаде дека доколку данокот е веќе платен во странство, со доставување соодветна потврда може да се избегне двојно оданочување.

Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија

Покрај континуираното инвестирање во нови технологии, „Алкалоид“ неодамна ја пушти во употреба новата Микробиолошка лабораторија за контрола на квалитетот, со капацитет од приближно 20.000 анализи годишно

Прометот во трговијата со храна, пијалаци и тутун пораснал за 6,5%

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025 година

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7% од проектираниот БДП за 2025 година.

Фондот за иновации повторно работел без програма, си терал по старо – Владата рече „стоп“

Со донесувањето на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво на 29.07.2025 година се формира Агенција за иновации, научнотехнолошки развој и претприемништво, како правен наследник на Агенција за претприемништво и Фонд за иновации и технолошки развој, со што престанува да постои Фонд за иновации и технолошки развој.

To top