Македонија

Љутков: Работата во националните установи воопшто не е добра, реконструираме повеќе театри

Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп:  таму веќе работиме на идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, целосно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Тоа е најпрактично решение, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

„Спортуваме заедно“: Инклузивен спортски настан во Скопје

Во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија, во СРЦ МТП Скопје се одржа инклузивниот спортски настан „Спортуваме заедно“,со цел промоција на Unified спортот и инклузивните спортски практики.

И претедателката со личен пример за почиста средина

Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамер Хоџа, како и заменичката Ане Лашкоска, напиша Ѓорѓиевски на на социјалните мрежи

To top