Македонија

Димитриеска-Кочоска: Нема простор за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен

Оваа реакција доаѓа во контекст на зголемена загриженост поради глобалните тензии во Персискиот Залив и можните индиректни ефекти врз увозот на нафта во регионот, иако засега нема индикации за директно нарушување на снабдувањето во Македонија.

Инцидент во Тетово: Д.А. (18) со нож тешко го повредил С.Л. (23) по расправија на улица

На 5 март 2026 околу 19 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.А. (18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на С.Л.(23) од Тетово, констатирани во Клинички центар Тетово.

Стефановски: Македонија ќе биде првата земја во регионот, што ги исполнува условите за европски роаминг

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија.“ – изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој нагласи дека Македонија ќе биде првата држава во регионот, која ќе ги исполни сите критериуми, по што ќе може да влезе во преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник пред европските телекомуникациски оператори.

Вест од Брисел, важна за Македонија: ЕУ изготвува построги правила за прием, за да не стане ниедна нова членка „втора Унгарија“, што ќе ѝ биде „трн во окото“!

„Црна Гора, фаворитот за членство во ЕУ, би можела да се приклучи под построги услови. Кога станува збор за прием на нови членки во ЕУ, Европската комисија (ЕК) има еден главен приоритет: да се осигури дека ниедна нова кандидатка за членство нема да стане ‘следна Унгарија’. За да се постигне тоа, планот е Црна Гора, која е близу до завршување на преговорите за членство, да се искористи како ‘опитно глувче’. ‘Се изготвува генерален пристапен договор, што ги одредува идните поодделни пристапни договори за новите кандидатки за членство во ЕУ.“ – рече претставникот на ЕУ. Ова го објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Планот на ЕУ да ги спречи новите членки да станат ‘втора Унгарија“.

Самсунг (“Samsung”) доби 77 признанија на “iF Design“ Награди 2026

Самсунг е добитник на две златни награди за дизајни кои ги збогатуваат животите на луѓето и
награден со 77 трофеи во девет дисциплини, од дизајн на производи до корисничко искуство за телевизори, домашни апарати, паметни телефони и други уреди

To top