Македонија

Мицкоски: Груби кукавички избега, но мора да се соочи со правдата

Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби, изјави премирот Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија во синоќешното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ М. „Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во […]

Најчевска: Со лаги Таравари ја пали простата раја

Професорката Мирјана Најчевска реагира на тврдењата на лидерот на едо од двете крила на Алијанса за Албанциите и и „довчерашен“ министер за здравство во актуелната Влада, Арбен Таравари според кој „застапеноста на Албанците во институциите“ била само 5 проценти. Најчевска се повикува и споделува изваштај на „Вистиномер“ според кој има институции каде етничките Албанци од […]

И ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, вели Мицкоски

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Според […]

Мицкоски: Ќе има драстично помалку машини за коцкање…

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за коцкање е готов. Мицкоски не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени слот-машини природно да се намали. „Законот за коцкање, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината […]

Едногласно избран нов Митрополит Дебарско-Кичевски

На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит Дебарско – кичевски е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении. Македонската црковна јавност добива […]

Битола: Внука со нож сакала да ги заколе дедото и бабата!

Нанесувајќи им неколку убодни рани, внука се обидела да ги убие своите баба и дедо, вчера во Битола. Осомничената, според Обвинителството, е лишена од слобода и се преземаат мерки за обезбедување докази. „По овластување на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битолско, екипи на МВР извршиле вештачење на местото на настанот во куќата на улица […]

АА на Таравари: Владата ги дискриминира спортистите Албанци

Алијансата за Албанците, крилото на Арбен Таравари, ја обвинува владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ дека продолжува со етничка диференцијација и сегрегација против Албанците. „Денес, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицковски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, доделија десетици признанија на истакнати спортистки, меѓу кои нема признание за албанските спортистки. Оваа одлука на Министерството […]

Расте бројот на туристи во Македонија – кои странски гости се најбројни?!

Позитивна вест за домашниот туризам во Македонија. Земјава се бори за погоеми приходи од туризмот, и повеќе туристи во земјава. За таа цел по Нова Година веќе се договараат нови авио линии а интензивно се работи на патната инфраструктура и обезбедување други услови кои може дражава да ги обезбеди за прифат на туристите. Се друго, […]

(Видео): Нови учебници, вештачката интелигенција и целодневна настава, најавува Јаневска

Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски […]

На јулските сметки ќе пишува дали струјомерот е читан, многу поволности носи новиот Закон за енергетика

Убава вест за домаќинствата, но и за компаниите. Новиот Законот за енергетика конечно ги модернизира ‘правилата на игра’ од производство до потрошувачка. Тој претставува нова рамка за дигитализација, ефикасност и отчетност во енергетиката. Законот содржи повеќе новини меѓу кои обврска за паметни броила – до 2031 година 80 отсто од домаќинствата ќе имаат паметно броило, […]

Зошто довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво?!

Довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво, затоа потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав, велат универзитетски професори. Ова е само една од точките на која се дебатираше во МАНУ, но и за предлог-Законот за судски совет, каде на иста маса седнаа истакнати правници, професори, академици, суидии. Академик Владо […]

Таравари се пожали: Во институциите се вработени само 5% Албанци…

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, и до неодамна дел ВРЕДИ , Арбен Таравари за косовската „Канал 10“ изјави дека во институциите во Македонија се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци. „Ова е скандалозно и ако останевме во ВРЕДИ и во Владата, како […]

Ибрахими: До крајот на јули 2.500 нови работни места и унапредувања за Албанци

Претседателот на Алтернатива и еден од лидерите на ВРЕДИ, Зеќирија Ибрахими, во објава на Фејсбук ги отфрла обвинувањата од критичарите на политиките на актулната Влада и наводната дискриминација кон Албанците, пренесе Телеграфи. „Тие продолжуваат да кажуваат дека има економска дискриминација кон Албанците, но кога владата одлучи да издвои над 80 милиони евра годишно за албанските […]

To top