Колумни

Предупредата на Гане Тодоровски да не ја раздадеме одново Македонија, туку да ја домакедончиме!

„Требат тони грижи на појќе поколенија / за да се истријат тие петна / на срам од себеси, од себепремолчување. … /И ако така уште постоиме,  / не ќе постоиме! … / Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде / да не би одново да Те раздадеме!“ – напиша Гане Тодоровски во својата монументална песна „Македонски монолог“ како негова пророчка предупреда до македонскиот народ уште во 1969 година. Уште тогаш тој кажа визионерски дека „не ќе постоиме, ако така уште постоиме, со себепремолчувања“ на сѐ што ни се случувало и што ќе ни се случува допрва. Тодоровски ни ги остава во завештание своето страхување и јанѕа дека треба и ние, денешните Македонци, силно да се страхуваме, јанѕа да нѐ јаде и нас, за да не ја раздадеме одново Македонија во име на „светлите европски перспективи“, кои ни ги нудат некои од надвор. Под услов да се откажеме овојпат трајно од своето колективно македонско „јас“, од својот идентитет, јазик, историја и култура.  Со секој свој стих, со секоја своја песна Гане Тодоровски се потврдува како еден од столбовите на македонската национална самосвест. На 22 мај 2026 година се навршија 16 години од неговото заминување од овој свет. Оваа годишнина е пригода за ново вдахновување со неговите поетски аманети до македонскиот народ, кому тој му го посвети својот живот и својата поезија, со која се извиши во блескавите врвови на македонската книжевност и култура. Овој великан на македонскиот национален идентитет, на македонската духовност, им остави на Македонците творештво и и вонвременски посланија, кои моќно извираат од него. Со ова Гане се впишува во колективната македонска меморија и како еден од поетско-духовните и национални светилници за македонската сегашност и иднина.

Пишува: Свето Тоевски

Поетски аманет „да ја дотераме татковината како милноина“

„Стиховите на Гане Тодоровски  извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и проблеснуваат пророчки, секавично со сиот свој сјај, естетски и идеен.“  – ќе нагласи и Раде Силјан за пораките од впечатливото творештво на Гане, но и за генијалноста негова како книжевен творец.

„Македонскиот монолог“ на Гане Тодоровски е негов дијалог со македонското минато, сегашност и иднина во името на македонскиот народ. Но и повик до секој од нас да поведе сам со себе свој личен „македонски монолог“ што ќе треба и што ќе мора да стори, заедно со сите други, за да кажеме „доста“ на раздавањата и продавањата на Македонија. Воспевајќи ја татковината, великиот македонски поет-родољуб во „Македонскиот монолог“ му остава поетско завештание на секое македонско поколение да ги вложува сите свои усилби, „за да ја дотераме Родината како милноина“: „Родино, / сета дарба што ја носам… / ќе Ти ја завештам во трајна своина / оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години / за да Те дотераме како милноина.“

Доста беа молк и голтање „горчливи голтки“ во македонското битување!

Во 1970 година во песната „Фуснота без повод“, која е дел од стихозбирката „Горчливи голтки непремолк“, Гане Тодоровски упатува нов вонвременски повик до Македонците овојпат за заедничко „домакедончување на Македонија, за да живеат живите“, наместо нејзино размакедончување. Повик и заради освестување дека е потребен непремолк наместо молкот и голтањето „горчливи голтки“ во македонското битување: „Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат… / Ој, Македонијо, / колку ли уште ни треба / за да те домакедончиме!“

Гане ја смести во националната книжнина и македонското колективно паметење и својата бележита песна „Македонски јазик“, во која го опејува вдахновено и бунтовно „возбудливиот здив на татковината“ – нашиот мајчин јазик: „Се откорна ти како борбен вик / на востанатиот наш бунтовник / што прв ја презре ропската мирнотија! Низ тажачки се раздипли в клет збор, / закремене низ корав непокор / ко завет свет на тие што нè родија / Ти возбудлив здив на татковината!  / и биди верен вардач на сиот народ наш, / на молитва татковинска да прилегаш … / воздишко низ која првпат сме заплакале!“

Постигањата во македонистиката како долгогодишен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го вбројуваат Тодоровски меѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови во Европа и светот. Како член на Македонската академија на науки и уметности е избран во 1997 година. Напишал 12 книги со поезија, кои оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература. Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна. Во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха, во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода.  Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на современата балканска и светска поезија на македонски јазик.   Тој беше пасиониран истражувач на македонскиот книжевно-историски 19 век. Ги толкуваше делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни вообликувачи на нашиот современ литературен израз и на македонската национална свест.

Во 1995 година Гане го напиша „Заветот“ како тестамент да биде погребан во селото Кожле, од каде што потекнуваат неговиот дедо и прадедо, и наместо посмртен говор да му биде прочитана оваа песна. Тоа е во вистинска смисла на зборот последна заветна песна за македонскиот народ, бидејќи Тодоровски Гане со својот последен македонски поетски здив ќе му остави трајно послание  на својот народ секогаш да се бори за својот опстој и  „да тече време македонско, да блика“, како што напишал во „Завет“.

(„Нова Македонија“)

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top