Колумни

Подметнување пожар е тероризам. Точка – Пишува Роберт Димитриевски

Свесно и планирано потпалување не е ништо друго, туку терористички акт и така треба и мора да се класифицира и санкционира

За намерно предизвикување шумски пожар со штета од големи размери или во заштитена шума/национален парк, во Македонија е предвидена казна затвор од најмалку 8 години. За предизвикување два или повеќе шумски пожари, казната е најмалку 10 години затвор. 

За споредба, во Хрватска за намерно предизвикување пожар кој сериозно загрозува имот и животи, затворските казни според Казнениот закон се движат од шест месеци до 5 години. Доколку пожарот предизвика тешка телесна повреда или голема материјална штета, казната е од 1 до 10 години затвор. Ако има смртни последици за едно или повеќе лица, предвидена е затворска казна од 3 до 15 години. 

Значи, 10 години затвор во Македонија и 15 во Хрватска е максимумот што би добил пироман со умисла. Малку. Премалку.

Свесно, планирано, со намера потпалување не е ништо друго, туку акт на тероризам. И така треба и мора да се класифицира и санкционира.

Со намерното предизвикување пожар, посебно на отворен простор, на пример во шума, не само што директно се загрозува животот на луѓето и на животните, не само што се нанесува голема, често и непоправлива материјална штета, не само што се трошат големи ресурси во човечки кадар и во материјални средства за негова елиминација, туку директно се удира врз целиот државен систем и општество. Психолошкиот удар врз чувството на безбедност на граѓаните неретко е посилен од загубата што некој од нив ја претрпел притоа од материјална гледна точка.

Токму сеењето страв и несигурност е најочигледната „спојка“ меѓу палењето оган со лоши намери и тероризмот. И најдиректниот повик до законодавецот за израмнување на двете дела во однос на казните.

Малку е и тоа. Можеби треба да се размислува во насока на дополнително проширување на мерките за санкционирање на извршителите. На прво место е задолжителната конфискација на имотот заради (какво-такво) надоместување на нанесената штета. Второ, осудените да бидат обучени и принудени да учествуваат во гасење пожари под надзор за време на издржувањето на затворската казна. Трето, да бидат ангажирани во обновување на шумскиот фонд и на уништените или оштетени објекти.

Четврто, да бидат парично наградени граѓаните што ќе ги известат надлежните органи за подметнување пожар, како што стори жителката на Задар што била сведок, ја запамтила регистарската ознака на возилото и ѝ јавила на полицијата за четворицата пиромани, кои со брза акција беа фатени и признаа дека намерно запалиле оган на десетина локации околу градот. Конечно, потпалувачите да немаат право на намалување на казната или на помилување.

Ако тие не ја жалат заедницата, зошто таа би покажала милост кон нив? Ако може во Тајланд и во Молдавија извршители на кривични дела од областа на безбедноста во сообраќајот со смртни последици во рамките на издржувањето на казната да работат во мртовечница, зошто да не се соочат со последиците на своето злодело потпалувачите во Македонија? Како сторители на кривично-правен акт што по ништо не се разликува од терористичкото загрозување на уставниот поредок, ни случајно не заслужуваат само да дремат зад решетки и да јадат и пијат на сметка на тие на кои им го загорчиле животот со уништување за миг на сè што создавале цел живот. Дотолку повеќе ако притоа бил уништен шумски фонд за кој биле потребни децении за создавање и ширење или ако биле повредени или угинале животни.

Апокалиптичните сцени од Локва Рогозница и од околината на Омиш во Хрватска, но и згариштата низ македонските гори летово бараат заострување на санкциите кон (не)луѓето вмешани во тоа. Во хрватската јавност кулминира притисокот во таа насока, посебно поради загинатата млада жена од Босна и Херцеговина. Во Македонија, за среќа, нема жртви, но тоа не значи дека треба да биде помека кон пироманите. Со неспоредливо поскромни противпожарни капацитети, таа не може и не смее да си го дозволи луксузот да чека да ја снајде пеколот од јадранскиот брег, за дури потоа да реагира.

Најнови вести од: Колумни

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top