Македонија

Арифи до Али Ахмети: Дали за време на честите престои во Тирана се среќаваше со Артан Груби, за да ги координираш своите „телевизиски мисии“?!

Националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија Латиф Арифи јавно му порача на челникот на „интегративците“ дека му е „време да замине во пензија, да се повлече, бидејќи не може повеќе да си го контролира мозокот, а уште помалку јазикот, па наместо идеи и решенија шири гнев и навреди“!

„Дали за време на своите чести престои во Тирана се среќаваше со Артан Груби, за да ги координираш своите ‘телевизиски мисии?! – ова прашање Латифи Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија, јавно му го упати на лидерот на ДУИ Али Ахмети преку својата колумна, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Фол“. Арифи порача остро дека „дојде време овој старец да се повлече барем со ронка достоинство, бидејќи на Албанците не им требаат навреди и гнев, туку идеи и решенија“!

Во својата колумна со наслов „Портретот на Ахмети: Емоционална преоптовареност, навреди и пропаганда, оркестрирана од прогласениот како ‘непожелна личност“ Арифи пишува: Синоќа појавувањето на старецот со побелена коса во емисијата на „Еуроњуз Албанија“ остави впечаток на човек со тешка емоционална оптовареност. Со секој збор и гест се чинеше дека Али Ахмети повеќе не може да го контролира својот мозок, а уште помалку својот политички јазик. Наместо визија за општините, тој шири гнев и навреди, претворајќи го политичкиот говор во банален жаргон.

За да создаде идеја за „зголемена важност“, Ахмети најде засолниште во медиумите од Албанија. Но, никој не треба да се залажува, овие појавувања не се случајни. Тие се оркестрирани, очигледно, од Америка прогласениот „не пожелна личност“, кој ја поставува сцената и го подготвува медиумскиот терен.Во оваа режија Ахмети се појавува како глумец, што го повторува своите зборови. А зборовите се познати: навреди кон Курти, измислени обвинувања и став, кој застрашувачки се совпаѓа со ставот на Александар Вучиќ. Али Ахмети избира да се усогласи со говорот на Белград. Тоа е однесување кое не им служи на Албанците, туку само на продолжување на неговата изморена моќ.

Јавно го прашувам  Ахмети: дали за време на своите чести престои во Тирана се среќаваше со Артан Груби, за да ги координираш овие „телевизиски мисии“?!

Дојде време овој старец да се повлече барем со ронка достоинство, бидејќи на Албанците не им требаат навреди и гнев, туку идеи и решенија. – заклучува Латиф Арифи во својата колумна, во која го исцртува „портретот“ на лидерот на ДУИ Аку Ахмети.

 

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top