Македонија

Дали Тетово е на прагот на политички земјотрес?

Интересна фотографија се појави на социјалните мрежи.

Интересна фотографија се појави на социјалните мрежи. На неа, во центарот на вниманието, се Катка Божиновска кандидатка за градоначалник на Тетово од Левица, и Арди Исмаили шефот на ПР-машинеријата на Бајрам Реџепи, кандидатот на ДУИ кој се бори за опстанок против Билал Касами од ВРЕДИ. Двајцата, фатени заедно во интимна, речиси конспиративна средба – но за што разговарале? Дали Тетово е на прагот на политички земјотрес?

Сликата, која брзо стана вирална, ги прикажува Катка и Арди во неформална атмосфера, најверојатно во некое тетовско кафуле, каде што изгледаат длабоко навлезени во разговор. Ова не делува дека е обична средба – Левица и ДУИ се претставуваат како два различни света, а сепак, еве ги, рамо до рамо, во момент кога секој глас може да ја одлучи судбината на Тетово. Дали е ова таен пакт? Дали Катка преговара Левица да им помогне на интегративците да го задржат Тетово , а за воздрат да го подржат Амар во Скопје ?

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

To top