Македонија

Даути од АА на Села: Унитаризмот како исклучив концепт мора да се отфрли

Опозициската пратеничка е против една изборна единица зошто го јакнела унитарниот карактер на државата

Илире Даути, пратеничка од крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, објаснува на Фејсбук зошто е против една изборна единица наместо сегашните шест.

„Концепт кој не произведува вистинска еднаквост, туку само ‘психолошка безбедност’ за едната страна, е политички неправеден. Албанците не треба да го поддржат зошто бараат еднаквост.

Една изборна единица, покрај тоа што ја намалува вистинската застапеност на Албанците, го зајакнува и унитарниот карактер на државата, легитимирајќи ја дискурзивната рамка на доминантната страна.

По 2001 година Северна Македонија повеќе не е класична унитарна држава, туку држава со консензуални механизми и колективни етнички права (колку се реализирани во пракса е друго прашање).

Затоа, унитаризмот како исклучив концепт мора да се отфрли, не прифаќајќи решенија што ја негираат мултиетничката реалност на државата, како што е барањето на македонските партии за една изборна единица.

П.С. Осум изборни единици, колку што се и развојните региони, се она што ѝ треба и го заслужува Северна Македонија, заедно со отворени листи“, смета Даути.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top