Македонија

Денес ќе се одржат спектакуларните „Мостови“ на СВП – меѓународното поетско читање на „Мостот на поезијата“ во Струга

По „Мостовите“ ќе уследи врачување на наградите на СВП 2025: „Златен венец“ – на Иван Штрпка од Словачка, „Браќа Миладиновци” – на Јулијана Величковска и „Мостови на Струга” – на Матеуш Шимчик од Полска.

Денес, на 24 август 2025 година во рамки на програмата за годинашниве 64-ти Струшки вечери на поезијата е предвиден во 9 часот и 30 минути излет до манастирот Св. Наум со брод и посета на изворите на реката Црн Дрим, а потоа со почеток во 12 часот и 30 минути ново поетско читање овојпат во предворјето на манастирот Свети Наум.

За 15 часот е планирано доделување на наградата за најдобра песна, посветена на виното „Во виното е вистината“ – „In vino veritas“ (на бродот).

Денес во 20 часот и 30 минути и 30 минути ќе започнат спектакуларните „Мостови“ –меѓународно поетско читање на „Мостот на поезијата“ во Струга. Потоа ќе им бидат врачени наградите на Струшките вечери на поезијата за 2025 година: „Златен венец“ – на Иван Штрпка од Словачка, „Браќа Миладиновци” – на Јулијана Величковска и „Мостови на Струга” – на Матеуш Шимчик од Полска.

Добитникот на наградата „Енхалон“ ќе биде прогласен на полноќ во хотелот „Дрим“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top