Македонија

Дозволата за изгореното складиште во Трубарево ја издал министер на ДУИ

Соработник на Али Ахмети и Бујар Османи прозван од ВЛЕН

Министер на ДУИ ја издал дозволата за опожареното складиште во Трубарево, откриваат од коалицијата „Влен“ од каде ја обвинуваат ДУИ за 20 години загадување, корупција и урбан хаос.

Коалицијата „Влен“ денеска излезе со реакција во која директно ја обвинува ДУИ дека токму таа ја издала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во скопското Трубарево.

Според нив, потписот на дозволата е на поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини, близок соработник на Али Ахмети и Бујар Османи.

ВЛЕН Обвинува за долгогодишно корумпирано партиско владеење

Во писменото соопштение, „Влен“ потсетува дека ДУИ повеќе од две децении управувала со ресорот за животна средина, оставајќи зад себе, како што велат, депонии во центарот на Тетово, Кичево, Струга и во околината на Скопје. Од коалицијата нагласуваат дека наместо решенија, граѓаните добиле загаден воздух, отровна почва и нефункционални институции под партиска контрола.

За ВЛЕН „ДУИ е симбол на корупција и урбан хаос“

Од „Влен“ додаваат дека додека граѓаните се гушеле во чад и живееле во загадена средина, функционерите на ДУИ инвестирале во трговски центри, енергетски и нафтени бизниси.

„ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос“, стои во соопштението.

Коалицијата заклучува дека на претстојните избори на 19 октомври, граѓаните ќе стават крај на оваа политика и ќе изберат власт која ќе воведе ред во управувањето со отпадот и ќе ја врати чистата животна средина.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top