Македонија

ДУИ посакува Изет Меџити да се врати во партијата

Потпретседателката на ДУИ, ја остави отворена можноста за враќање на Изет Меџити во ДУИ, нагласувајќи дека партијата не се противи на соработка насочена кон унапредување на правата на Албанците

Арта Билали Зендели вели дека враќањето на Изет Меџити во ДУИ не е илузија.

Одговарајќи на прашањето дали во ДУИ има место за личности кои претходно ја напуштиле партијата, Билали Зендели во синоќешното гостување на ТВ Шења изјави дека ДУИ „не се противи на соработка“ која е во корист за остварување и спроведување на правата на Албанците кои произлегуваат од Охридскиот договор, како и за понатамошно унапредување на тие права.

„ДУИ постојано ги повикуваше своите противници на обединување и соработка – став најдобро артикулиран преку Европскиот фронт.

На ова треба да се додадат и јавните настапи на претседателот Али Ахмети. Сепак, останува да се види“, рече Зендели.

Најнови вести од: Македонија

Етничката припадност веќе нема да биде услов за добивање работно место

Додека сум јас министер, етничката припадност нема да има приоритет пред стручноста. Или сите ќе сфатиме дека ни треба квалитетна администрација, или нема да нè биде“ порача министрот за јавна администрација

Петровска: Две години укажувавме на проблемите во СДСМ, но бевме игнорирани

„Долг период укажував на проблемите во партијата и имав неколку разговори со партискиот лидер; тие разговори завршуваа или со молк или со договор, по што следуваше неспроведување на решенијата. Токму затоа, по две години, одлучивме да излеземе во јавноста“, вели пратеничката и поранешна министерка за одбрана

To top