Македонија

Фетаи: Очекувам предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски да помине во Собранието

Целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем, затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител

Одговарајќи на новинарски прашања денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи,  изјави „целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител.

„Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери….“ рече Фетаи за време на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“.

„Знаете дека имавме проблем и со Антикорупциската комисија, сега веќе имаме нов претседател таму и верувам дека во блиска соработка со сите институции – Владата, Собранието, антикорупциските тела и со правосудниот систем, ние ќе се бориме против корупцијата на високо ниво. Исто така, ќе бараме да има судски разрешници, конфискација на имот. Се надевам дека со новата стратегија што треба да се усвои против корупцијата ќе имаме подобри резултати, ќе имаме тримесечни известувања, за на крај да добиеме позитивен извештај од Европската комисија, одговори тој на новинарско прашање.

На прашање околу разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски тој посочи дека одлуката за тоа е донесена на Владина седница, дека е таа добро образложена и очекува да биде усвоена во Собранието.

„Да, на одржаната владина седница, ние донесовме одлука за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител заради добро познати причини. Значи има добро образложение што е испратено како предлог до Собранието. Сега топката е кај Собранието и се надевам дека во одредените законски рокови, Собранието ќе постапи за негово разрешување, одговори Фетаи.

Владата на вчерашната седница го усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој што ќе го достави до Собранието.

Портпаролката на Владата Марија Митева вчера во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период.

„Причините за оваа иницијатива се јавни познати, и Владата досега повеќепати ги има образложено, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на  институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена – јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, рече Митева.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

To top