Македонија

Филипче со изјава слична на басната со лисицата што чекала да му паднат мади*ата на овенот

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска даде изјава која неодоливо потсетува на басната со лисицата што чекала да му паднат мади*ата на овенот

СДСМ нема да го предизвикува ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени парламентрани избори и нема да му дава алиби на премиерот Христијан Мицкоски за можната намера да се оди на гласање, рече денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој рече дека изјавите на премиерот Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – дека вели дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е за редовни избори, но, ако бидат предизвикани, ќе имало гласање пред рокот.

Филипче го повтори ставот од пред неколку дена дека партијата нема да биде алиби за можните идни чекори на владејачкото мнозинство.

,,И кажавме – избори ќе има кога ќе им снема пари, затоа што тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери, тогаш ќе одат на избори”, рече Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Коментирајќи ја најавената реконструкција на владиниот кабинет, Филипче истакна дека граѓаните не треба да очекуваат никакви позитивни промени или економски мерки кои би го подобриле нивниот стандард.

Денешната прес-конференција беше посветена на двете години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Знам и Вреди.

Филипче оцени дека државата се наоѓа во економска стагнација, европска изолација и институционален распад, со речиси целосно неисполнување на ветувањата дадени пред граѓаните.

,,Се изгубија две години во економски неуспех, во стагнација, во лажни ветувања, во национални понижувања, во влошени меѓуетнички односи, во влошување на односите со соседите, во време во кое младите само планираат како да се иселат од земјата. Деведесет отсто од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо”, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека државата е изолирана, а европскиот пат целосно заглавен.

Изреката „Чека како лисицата што чекала да му паднат мадињата на овенот“ е популарна македонска народна пословица која опишува залудно, наивно и бескрајно чекање на нешто што никогаш нема да се случи.

Потекло и значење на пословицата

Приказната зад оваа пословица доаѓа од народните басни. Имено, лисицата одела по еден овен и гледала како неговите тестиси се нишаат додека тој оди. Поради својата лакомост, таа си помислила дека тие се слабо прикачени, дека секој момент ќе се откачат и ќе паднат на земјата, па таа ќе има лесен оброк. Наместо да лови или да бара друга храна, таа поминала денови одејќи по него и чекајќи го невозможното, сè додека на крајот не изгладнела и умрела.

Кога се користи оваа фраза во секојдневниот говор?

Залудни очекувања: Се користи како метафора за луѓе кои пасивно чекаат да добијат нешто на готово (на пример: пари, функција или среќа), без самите да преземат акција.

Лажни ветувања: Опишува ситуација каде некој слепо му верува на туѓо ветување кое е очигледно нереално.

Иронична критика: Начин на сочен, народен јазик да му се каже некому дека си го губи времето со нереални планови.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top