Македонија

Гаража во Скопје продадена за 30.000 евра, становите во Охрид поскапи за 27%

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Во општина Центар е постигната највисока цена за продажба на стан во првото полугодие од годинава, од 2.857 евра, при што за 105 квадратни метри се платени 300 илјади евра. Во оваа скопска општина е и најскапо продадената куќа во тој период, за 1.150.000 евра, кои се исплатени за 373 квадратни метри станбена површина и 1.357 квадратни метри земјиште.

Според податоците од Регистарот за цени и закупнини за првата половина од годинава, што ги сподели денеска Агенцијата за катастар на недвижности, најскапо продадениот деловен  простор во тој период е во Центар, од 3131  квадратен метар, по цена од 6.800.000 евра.  Најскапиот индустриски објект бил во Илинден и за него исплатени се 190.130.726 денари,  додека најскапо продадената гаража е во Аеродром, за 24  квадратни метри платени се 1.854.000 денари (30,1 илјади евра) односно 77.250 денари за  квадратен метар.

  • Највисок скок на цените на продадените станови, споредено со истиот период од претходната година има во Охрид, 27 проценти, Центар, 22 проценти, Тетово, 22 проценти, Битола 20 проценти, а најмал скок има во Струмица 2 проценти, се вели во Извештајот од Регистарот за цени и закупнини.

Во Регистарот на цени и закупнини од 1 јануари до 30 јуни годинава се регистрирани вкупно 15779 трансакции, за 8,9 процент повеќе споредбено со првото полугодие од 2024 година, што, според Катастарот, може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности.

Во првата половина од 2025 година во Регистарот на цени и закупнини се впишани 8.910 продажби на недвижности, 1.693 продажби од инвеститор, 439 откупи од Македонија и 63 продажби на лицитација, однoсно вкупен број од 11.105 купопродажби што укажува на благ пораст за 4,9 проценти во однос на првата половина од 2024 година.

Во првото шестмесечје на 2025 година регистрирани се 4.674 закупи на целата територија на Македонија што е раст во однос на закупите од првата половина на 2024 година за 780 закупи или 20  проценти. Пазарот на недвижности во првото полугодие на 2025 година пораснал за речиси за 15,5  проценти споредбено со истиот период во 2024 година, односно вкупната остварена купопродажна цена изнесува 515,9 милиони евра.

Податоците покажуваат најизразени зголемувања на финансискиот обем на пазарот во мај, а најмали во јуни 2025 година. Доминираат две категории на недвижности според бројот на купопродажби: земјоделско земјиште и шуми со 32,8  проценти и станови со 32,5 проценти од вкупниот број на купопродажби.

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Споредувајќи со истиот период од предходната година највисок раст на обемот на купопродажби имаат Центар со 32 проценти и Гази Баба и Штип со по 28 проценти, а најголем пад има Аеродором со 29 проценти. Споредувајќи ја вкупната вредност на остварената цена од направените купопродажби во однос на истиот период од претходната година највисок раст има Кисела Вода со 59  проценти, а најголем пад има Куманово со 26 проценти.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top