Македонија

Гази Баба ги отстранува возилата за отпад од јавните површини

Отпадните возила подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата

 

Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со дополнителни текови на отпад, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ваков тип отпадни возила, објави на Фејсбук градоначалникот Бобан Стефковски. .

Како што објави, на сопствениците на тие возила им биле изречени соодветни прекршочни платни налози за непочитување на прописите.

„Досега се подигнати 11 возила од населбата Автокоманда, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и во останатите населени места на територијата на општината.

Општина Гази Баба останува посветена на уредување и зачувување на јавниот простор и повикува на соработка од сите граѓани за почиста и поуредена општина“, порача градоначалникот..

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

To top