Македонија

Извештајот за непотребните операции на срце разгледан на затворена седница на Владата

Кандидатот за нов министер за здравство Клековски со потврда, но без информации поради затворениот карактер на седницата

Кандидатот за нов министер за здравство Сашо Клековски во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија откри дека извештајот за случајот со деветте непотребни операции на срце бил разгледан на затворена владина седница.

„Беше на Влада, да. Меѓутоа немам пристап што е дискутирано, бидејќи е затворена седница на Влада“, изјави тој, негирајќи дека (врз него) бил вршен некаков притисок.

„Врз мене не. Јас неколку пати јавно повикував да се пријават сите што сметаат дека се оштетени. Сите осигуреници кои се пријавија во Фондот беа доставени во работната група. Фондот учествува со два претставника во работната група и даваме комплетна поддршка на работата. Во меѓувреме, направивме почетни разговори како треба да се организира иднината чекајќи го извештајот. Јас немам пристап до тој извештај на конечната комисија на Министерството“, објасни директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top