Македонија

Јанша ја повика ЕУ да ги исполни ветувањата за проширувањето со Западен Балкан

Ако Унијата не се прошири, некој друг ќе го стори тоа на наша сметка, предупреди словенечкиот премиер на Бледскиот форум

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека проширувањето на Европската Унија на Западен Балкан е од стратешко значење за иднината на Европа и порача дека ЕУ мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кандидати.

– Ширењето не е услуга за државите кандидати. Тоа е стратешка одлука за иднината и идниот облик на нашиот континент – рече Јанша на отворањето на 21-от Бледски стратешки форум, пренесува Радио телевизија Словенија.

Тој истакна дека целта за проширување на ЕУ на Западен Балкан и источното соседство денес е уште позначајна од порано, но дека, покрај исполнувањето на условите од страна на кандидатите, важно е и Европската Унија да го одржи својот збор.

– Ако Европската Унија не се шири, некој друг ќе го стори тоа, на наша штета – предупреди словенечкиот премиер.

Јанша наведе дека идната улога на Европа во светот ќе зависи од тоа како ќе одговори на четирите стратешки предизвици – безбедноста, отпорноста, демографијата и кредибилитетот.

Говорејќи за безбедноста, Јанша оцени дека мирот не е нешто што се подразбира и дека е потребно да се заштити.

– Украина нè потсетува на она што е на коцка. Украинците ја бранат не само својата територија, туку и принципот дека границите не можат да се менуваат со сила и дека народите имаат право да ја избираат својата иднина – рече Јанша.

Тој додаде дека праведниот мир мора да ги зачува суверенитетот на Украина и нејзината европска иднина, предупредувајќи дека наградувањето на агресијата би претставувало опасен преседан и за други кризни подрачја во светот. Јанша истакна дека посилна Европа не е алтернатива за трансатлантското партнерство, туку услов за негова долгорочна одржливост.

Како втор голем предизвик тој го наведе намалувањето на стратешките зависности, посебно во областите на енергетиката, критичните минерали, полупроводниците и стратешките синџири на снабдување. Според него, европската енергетска зависност од Русија пред почетокот на војната во Украина покажа како економската ефикасност без отпорност може да создаде зависност која, како што наведе, „некој може да ја претвори во политичка лост“.

Јанша оцени дека Европа мора да гради доверливи партнерства, да ги диверзифицира синџирите на снабдување и да ги зајакнува сопствените капацитети во областите од стратешко значење.

Говорејќи за демографијата, словенечкиот премиер предупреди на ниската стапка на наталитет и стареењето на населението во Европската Унија.

– Демографијата не е само прашање на бројки. Таа покажува дали младите имаат доверба во иднината, дали можат да си дозволат дом, да изградат кариера, да создадат односи и да основаат семејство – рече Јанша. Тој оцени дека илегалните миграции не можат да бидат замена за демографската политика и се заложи за безбедни граници и законити, селективни миграции приспособени на економските потреби.

Како четврти предизвик го издвои кредибилитетот, оценувајќи дека тој е посебно важен извор на меѓународно влијание за малите држави.

– Своето влијание го зголемуваме со изградба на сојузништва, како доверливи партнери и со исполнување на дадените ветувања. Истото важи и за Европа – рече Јанша. Тој додаде дека обврските на Европа мора да бидат кредибилни како за нејзините сојузници, така и за противниците и државите кои сакаат да ѝ се приклучат.

Јанша оцени дека европската иднина ќе зависи од способноста навремено да се одговори на безбедносните, економските и демографските предизвици.

На отворањето на форумот говореше и словенечкиот министер за надворешни работи Тоне Кајзер, кој истакна дека Европската Унија минува низ сериозен тест и дека е потребно европскиот проект да се приспособи на современите предизвици. Кајзер наведе дека цврстата врска помеѓу Европа и САД останува од клучно значење, со истовремено преземање поголема одговорност на Европа за сопствената одбрана. Тој исто така порача дека соработката со државите и културите со кои Европа не ги дели сите ставови не значи откажување од сопствените вредности.

– Вредностите не се пречка за заштита на нашите интереси. Тие се компас кој ни помага да процениме кои интереси сакаме да ги оствариме и на кој начин – рече Кајзер.

Бледскиот стратешки форум оваа година се одржува под насловот „Моќта на заедничкото обликување на иднината“, а меѓу главните теми се безбедноста на Европа, иднината на ЕУ, Западен Балкан, геополитичката ситуација и иднината на општеството.

На форумот учествуваат повеќе од 150 говорници од повеќе од 70 земји. Во рамките на форумот предвидени се бројни панел-дискусии за иднината на Европа, војната во Украина, Западен Балкан и геополитичките промени, како и разговори за односите меѓу Европската Унија и Латинска Америка.

Најнови вести од: Македонија

Втора кривична пријава за струшкиот градоначалник Ќира – сега незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи за виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. Како што се наведува во пресудата, Стојановска на 24 јули околу 15 часот, во Улцињ, на булеварот Теута во населбата […]

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех на само 12 години постигна Македон, кој е примен во престижната Програма, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Најнови вести

To top