Македонија

Ќе се проверува Битолскиот суд, кој го пушти Марковски од притвор со гаранција од речиси 5 милиони евра

Сопственикот на Марковски Компани

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на Основен суд Битола, поврзан со случајот „Марковски“.

Советот, на предлог на членот Ивица Николовски, со 11 гласа „за“ донесе одлука за формирање работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра.

Судски совет најде пропусти во извршување на пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“

– Сите сме сведоци, сите ги читаме секојдневните написи на електронските медиуми во кои се изнесуваат наративи или содржина со кои се осудува постапувањето на тој суд или се нарушува угледот на судот. И затоа сметам дека како надлежна институција која ја следи работата на судовите треба да се изврши увид и да се констатира една состојба што е што – изјави Николовски.

За членови на работната група беа избрани Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.

Марковски е еден од осумте обвинети за злоупотреби на тендерот за дислокација на погонските единици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, вреден 1,7 милиони евра.

Марковски со гаранција од скоро пет милиони евра ќе се брани од слобода

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Кон крајот на октомври минатата година судот на барање на ОЈО Битола замрзна имот во Србија и Македонија на Борче Марковски.

Битолскиот суд на 16 јануари годинава, постапувајќи по жалба на обвинетиот, донесе одлука за укинување на притворот и определување мерки на претпазливот на Марковски во замена за гаранција во движен и недвижен имот. По реакциите во јавноста Основниот суд Битола излезе со сопштение.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top