Македонија

Костадинов ги отфрла сомнежите – тврди автобусите имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити

Реакција по кривичната пријава за него

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ги отфрли наводите дека додека бил на функцијата злоупотребил постапка за јавна набавка на 10 електрични автобуси.

„Проектот од стратешко значење за Струмица од кој денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно сообраќајно претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“,пишува Костадинов во објавата на Фејсбук.

Додава дека е уверен оти овие чекори се спроведени согласно важечките закони.

Во реакцијата објавена на својот фејсбук-профил, Костадинов вели дека не би сакал да дава политички коментар во врска со случајот и додава дека им останува на располагање на надлежните органи за, како што вели, да биде појаснето на каков начин е спроведен проектот за кој рече дека функционира беспрекорно.

 

Претходно денеска струмичката полиција поднесе кривични пријави против Костадинов и пет други лица поради злоупотреба на постапката за јавна набавка на 10 електрични автобуси во вкупна вредност од 6,9 милиони евра.

 

Кривична за екс градоначалникот на Струмица

Најнови вести од: Македонија

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top