Македонија

Креативен ден Битола 2026: Преполна сала, млади таленти и моден спектакл инспириран од филмот (ВИДЕО)

Во преполната сала на Домот на културата во Битола, вчера се одржа петтиот „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш потврди дека младите креативци, модата и образованието можат да создадат вистински спектакл.

Во преполната сала на Домот на културата во Битола, вчера се одржа петтиот „Креативен ден 2026“ – настан кој уште еднаш потврди дека младите креативци, модата и образованието можат да создадат вистински спектакл.

Во целосна и беспрекорна организација на Продукција Божиловиќ и професорките од текстилната струка при СОУ „Таки Даскало“ – Битола, настанот собра 9 средни училишта од повеќе градови низ државата, меѓу кои Скопје, Битола, Богданци, Штип, Виница и други, обединувајќи ученици, млади дизајнери, професори и љубители на модата на едно место.

Покрај низата инспиративни предавања што за учениците и професорите ги реализираа Катерина Златановска Попова, претседателка на МАТА Скопје, како и модните дизајнери Никола Ефтимов и Стефанија Насеска Поподинец, централно место зазеде модната ревија на која учениците од текстилните училишта се претставија со свои оригинални креации инспирирани од овогодинешната тема – ФИЛМ.

Целиот настан беше реализиран на исклучително професионално ниво, а за впечатливиот сценски изглед на учесниците се погрижија професионални фризери и шминкери, дополнително подигнувајќи го нивото на ревијата.

За првпат беа доделени и специјални награди за посебен придонес во промоцијата на модата, како и благодарници за наставниците-ментори, кои со својата стручност и посветеност беа клучен дел од процесот на создавање.

„Креативен ден 2026“ не беше само моден настан, туку силна порака дека младите во Македонија имаат талент, визија и потенцијал што заслужува простор, поддршка и видливост. Ваквите иницијативи треба да добиваат уште поголема институционална поддршка, бидејќи претставуваат реална можност младите да ја изразат својата креативност, да се инспирираат, да стекнат самодоверба и да ја градат својата кариера и иднина токму тука – во Македонија.

Во време кога младите често ја бараат својата шанса надвор од државата, настани како „Креативен ден“ покажуваат дека вложувањето во нивниот талент, образование и креативна индустрија може да биде важен чекор кон создавање генерации што ќе останат, ќе создаваат и ќе придонесуваат дома.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top