Македонија

Лишен од слобода М.Р. (18), кој испраќаше закани дека ќе постави бомби и ќе убива во средното медицинско училиште во Тетово!

Вчеравечер, на 12 март 2026 во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, оти М.Р. праќал пораки до учениците, заканувајќи се дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top