Македонија

Меџити: Секогаш победувам во Чаир

Тој е првиот градоначалник на Чаир кој бил на функцијата 13 години

Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, потврди дека ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ.

Во интервју за „Еуроњуз Албанија“тој рече дека секој пат кога се натпреварувал во Чаир, излегувал како победник, пренесе Телеграфи Македонија.

„Да, ќе се кандидирам, ќе бидам кандидат за градоначалник на Општина Чаир. Јас сум првиот градоначалник на Чаир кој бил на функцијата 13 години.

Јас сум прв вицепремиер речиси една година, но проценките и анализите на коалицијата ВРЕДИ нè доведоа до заклучок дека треба повторно да се кандидирам за Општина Чаир“, рече Меџити.

Тој додаде дека трката ќе биде отворена, но е убеден дека коалицијата ВЛЕН ќе победи.

„Трка си е трка. Не сакам да бидам премногу сигурен, но секој пат кога сум се кандидирал за Чаир сум излегол како победник, а овој пат победник ќе биде ВРЕДИ“, рече Меџити.

Изет Меџити на локалните во Чаир ќе се соочи со Бујар Османи, кандидат на ДУИ.

Меџити контра Османи во Чаир!?

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top